МиГ-31 вооружени со ракети „Кинжал“
MOD Russia/via Globallookpress.comНовите борбени авиони вооружени со хиперсонични ракети следната година ќе стапат на боево дежурство на воздушните единици на Воено-космичките сили на руската армија, изјави заменик-командантот на ВКС генерал-полковник Андреј Јудин, пренесува веб-порталот „Краснаја звезда“.
„Следната година во воздухопловните единици на Воздушно-космичките сили е прогласена за година на летачка обука, а за противвоздухопловните, противракетните и вселенските сили – за година на боево дежурство. Нам, исто така, ни претстои воведување во боево дежурство и на перспективни типови на вооружување, воена и специјална техника, вклучително и хиперсонично оружје“, рече рускиот генерал, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.
Тој прецизираше дека според утврдените планови за опремување на ВКС, во 2022 година се очекува набавка на повеќе од 200 единици основно вооружување, воена и специјална техника. Во единиците ќе влезат повеќенаменски борбени авиони Су-35С и Су-57 од генерациите 4 ++ и 5, јуришни хеликоптери Ка-52 и Ми-28НМ, ракети-носачи „Ангара“, вселенски апарати за воена намена, противвоздушни ракетни системи од новата генерација С-350 „Витез“, дополнителна партија ПВО/ПРО системи со долг дострел С-400 „Триумф“ итн.
Неодамна беше соопштено дека ВКС до крајот на 2024 година ќе усвојат 22 повеќенаменски авиони-ловци од петтата генерација Су-57, како и дека до крајот на 2028 година овој број ќе се зголеми на 76 оперативни борбени авиони од овој тип.
Во моментов, руската армија е единствена во светот која има хиперсонични ракети со воздушно базирање кои се наоѓаат на боево дежурство. Имено, на опитно-боево дежурство се наоѓаат ракетите „Кинжал“ (воздухопловна ракета предвидена да се лансира од модифицирани ловци-пресретнувачи МиГ-31К како и суперсонични бомбардери Ту-22М3М), завршуваат државните тестирања на хиперсоничната ракета „Циркон“ наменета за опремување на руската Воена морнарица, а на боево дежурство од неодамна се наоѓаат и итерконтиненталните балистички ракети опремени со планирачки хиперсонични боеви блокови „Авангард“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче