АКТУЕЛНО: Започна сериското производство на хиперсонични ракети 3М22 „Циркон“

Денис Абрамов/Sputnik
Се проценува дека со овие ракети првично ќе бидат вооружени тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“, кој моментално е во фаза на модернизација, нуклеарната подморница „Иркутск“, која се модернизира на стандардот 949AM (еволуција на основниот проект 949А „Антеј“), ракетните фрегати од класата 22350 и новите повеќенаменски нуклеарни подморници од класата 885М „Јасен-М“.

„Сериското производство на хиперсонични ракети „Циркон“ е во тек паралелно со тестирањето на површинските бродови кои ќе бидат вооружени со овие ракети“, изјави за веб-порталот ТАСС неименуван извор близок до руската воена индустрија. Од компанијата која ги произведува овие ракети не ја коментираа оваа вест.

Новата хиперсонична крстосувачка ракета со голем дострел „Циркон“ ќе има способност на својата траекторија да оствари максимална брзина од 9 маха при што ќе може да напаѓа цели на далечини и до 1000 километри. Се претпоставува дека со овој тип ракета ќе бидат вооружени површинските воени бродови и подморниците, како перспективните, така и оние кои веќе се наоѓаат во оперативна функција. Треба да се напомне и дека рускиот претседател кон крајот на минатата година првпат ја спомена можноста за развој и на копнена верзија на хиперсоничниот ракетен систем „Циркон“. Според различни информации, должината на ракетата ќе изнесува 8-10 метри, додека тежината на боевата глава ќе достигнува 400 кг.

Патем, руската воена индустрија успешно ја завршува програмата за летечко-конструкторски тестирања на хиперсоничната ракета од класата „вода-вода/вода-земја“ „Циркон“. Главната платформа користена во овие тестирања е ракетната фрегата од класата „Адмирал Горшков“ 22350. Ракетата ги потврди своите високи техничко-тактички параметри, што беше услов да влезе во сериско производство.

Процените се дека со овие ракети првично ќе бидат вооружени тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“, кој во моментов е во фаза на модернизација, нуклеарната подморница „Иркутск“ која се модернизира на стандардот 949AM (еволуција на основниот проект 949А „Антеј“), ракетните фрегати од класата 22350 и новите повеќенаменски нуклеарни подморници од класата 885М „Јасен-М“.

Договорот за испорака на хиперсонични ракети 3М22 „Циркон“ за потребите на руската Воена морнарица беше потпишан на саемот за оружје и воена техника „Армија 2021“.

 

 

 

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња