Руската армија до крајот на 2021 година добива две тенковски чети со обт Т-14 „Армата“

Shutterstock

Дваесет основни борбени тенкови од новата генерација Т-14 „Армата“ ќе им бидат испорачани на единиците на Копнените сили до крајот на оваа година, изјави за новинарите началникот на 47-та воено-информативно претставништво мајор Дмитриј Репин. Станува збор за „оклоп од нова генерација“ кој практично по сите карактеристики ги надминува сите тенкови кои сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштита, кој се состои од пасивна и активна оклопна заштита, која според квалитетот нема актуелен пандан во светот, потоа одличната подвижност и проодноста, како и големата огнена моќ.

Имено, рускиот заменик-министер за одбрана Алексеј Криворучко во петокот ја посети производната линија на концернот „Уралвагонзовод“ во градот Нижни Тагил, каде се запозна со процесот на комплетирање на основните борбени тенкови Т-14 „Армата“ и Т-90М „Пробој“. “. Покрај тоа, во просториите на концернот беше одржан состанок кога станува збор за натамошниот развој на оклопната борбена техника и генерално видот Копнени сили.  

„До крајот на оваа година планираме да им испорачаме на единиците до 20 тенкови на повеќенаменската оклопна гасенична платформа „Армата““, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ мајор Репин.

Тој додаде дека станува збор за експериментална верзија на тенковите кои во следната фаза на тестирање ќе ја поминат фазата на експлоатација во единиците. Притоа Репин не прецизираше во која конкретна единица ќе пристигне првиот контингент експериментални основни борбени тенкови од новата генерација Т-14 „Армата“.

Основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ практично по сите карактеристики ги надминува сите тенкови што сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштита, која се состои од пасивна и активна оклопна заштита, која според квалитетот нема тековен пандан во светот, потоа одличната подвижност и проодност, како и големата огнена моќ.

Основното вооружување на тенкот е новата генерација тенковски топ со калибар од 125 мм, со перспективна муниција и дигитализиран систем за управување со огнот. Сите „работни“ места каде што се членовите на екипажот се покриени со видеокамери и други сензори. Исто така, при неговата изградба е употребена технологијата за редукција на термичката и радарската рефлексија на тенкот, со што се добија високи „стелт“ карактеристики на тенкот.

Тенкот ќе има и средства за електронско војување, а благодарение на современите комуникациско-информациски системи ќе има и функција на мобилен команден пункт преку кој ќе може да се управува со поголем број оклопни возила (основни борбени тенкови, БВП, ОТ). Се подготвува и извозна верзија на тенкот, за која има голем интерес во светот.

Главната цел на овој тенк е да ја зголеми ударната моќ на оклопно-механизираните единици на руската војска, да се бори против тешки оклопни цели на непријателот, негови фортификациски елементи во состав на фронтот и утврдена жива сила.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња