Руските Вооружени сили во периодот 2018-2020 година добија над 20000 основни модели на вооружување, т.е. околу два милиони единици техника и помошни средства. Ова го соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ одржана денеска, 24 ноември.
„Во рамките на реализацијата на државната програма за набавка на оружје од 2018 до 2020 година, на вооружените сили им се испорачани преку 20000 основни модели на вооружување, околу два милиони единици техника и помошни средства, како и околу 600000 куршуми и проектили“, рече Шојгу на седницата на колегиумот.
Министерот посочи дека плановите за снабдување на Вооружените сили на РФ со современа воена техника се реализирани и покрај состојбата со ширењето на коронавирусот и растот на цените на суровините.
Тој додаде дека на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана ќе биде разгледана реализацијата на државната програма за набавка на оружје, како и предлозите поврзани со формирањето на проектот за државна нарачка за 2022 година и планот за набавка за 2023-2024 година.
Дополнително, Шојгу најави основање нови воени центри за обука во уште седум региони на Руската Федерација и изјави дека активноста на НАТО ја диктира потребата од одржување на борбената готовност на нуклеарните сили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче