Државните тестирања на рускиот тенк „Армата“ завршуваат во 2022 година

Виталиј В. Кузмин
Крајот на државните тестирања на рускиот тенк Т-14 „Армата“ е планиран за 2022 година.

„Секоја година на форумот „Армија“ се демонстрираат примероци на тенкот Т-14, борбените возила на пешадијата Т-15 и оклопните ремонтно-евакуациски возила Т-16, кои се создаваат во рамките на проектот „Армата“. Годинава проектот излезе, што се вели, на целната линија. Крајот на неговите државни тестирања се планира за 2022 година“, истакна вршителот на должноста раководител на Главната управа за автомобили и тенкови (ГАБТУ) на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Александар Шестаков, пренесува весникот „Краснаја звезда“.

Раководителот на ГАБТУ, исто така, истакна дека современите оклопни транспортери и борбени возила на пешадијата се универзални модели на техника. Тој нагласи дека современите борбени машини не само што треба да транспортираат војници, туку и да се борат против нисколетечките воздушни цели и тешката техника на противникот.

Според Шестаков, современата оклопна техника е опремена со борбени модули без екипаж, пишува „Лента“. Тоа овозможува да се решат основните задачи на борбените машини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња