С-300В
vitalykuzmin.netРакетните екипажи на самоодните гасенични ПВО-системи С-300В, кои се наоѓаат во состав на единиците на Централниот воен округ (ЦВО), реализираа боево гаѓање на кое успешно уништија балистички цели што ги користеше условниот непријател за уништување на критично важни објекти во длабочината на фронтот (Кировска област), пренесува веб-порталот на руското Министерство за одбрана.
Во текот на вежбата „ракеташите“ успешно реализираа детекција и зафат на цели, нивно следење и лансирање на ракети-пресретнувачи. Вкупно беа откриени и пресретнати околу 20 ракети на условниот непријател. Притоа беше реализирано индивидуално и групно електронско лансирање.
Вкупно во вежбата беа ангажирани околу 100 искусни „ракеташи“ од составот на ракетните противвоздухопловни батерии, како и 10 самоодни лансирни орудија С-300В, вклучително и неколку различни радарско-набљудувачки и нишански системи во различни работни дијапазони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче