„Терминаторите“ го уништија „непријателот“ користејќи ја предноста на сложениот топографски терен

vitalykuzmin.net
Екипажите на хеликоптерите Ми-8АМТШ „Терминатор“ имаа задача да користат тактика на избегнување противвоздушна одбрана и средства за противелектронска борба на условниот непријател, вешто користејќи го сложениот топографски терен на кој се наоѓа специјализиран полигон. По откривањето на копнените цели на условниот непријател, кој претставуваше имитација на неговиот команден пункт со магацини со оружје, пилотите изведоа боево гаѓање со примена на ненаведувани ракетни зрна и топови.

Пилотите кои се наоѓаат во состав на армиската авијација на Јужниот воен округ (ЈВО) од Ставрополскиот регион реализираа вежба со боево гаѓање на еден од специјализираните воздухопловни полигони. За време на боевата вежба, екипажите на борбено-транспортните хеликоптери Ми-8АМТШ „Терминатор“ имаа задача да извршат прелет до зададен реон, да реализираат воздушно извидување и воздушна навигација, пренесува веб-порталот на руското Министерство за одбрана.

По откривањето на копнените цели на условниот непријател, кој претставуваше имитација на неговиот команден пункт со магацини за оружје, екипажите изведоа боево гаѓање со примена на ненаведувани ракетни зрна и топови кои се наоѓаат во вооружувањето на „Терминатор“ и успешно ги уништија сите цели.

Покрај тоа, екипажите на хеликоптерите реализираа и маневар за избегнување на противвоздушната одбрана и средствата за противелектронска борба на условниот непријател, вешто користејќи го сложениот топографски терен на кој се наоѓа специјализираниот полигон.

Во вежбата беа ангажирани вкупно 15 пилоти на борбено-транспортни хеликоптери Ми-8АМТШ од составот на хеликоптерските ескадрили на армиската авијација на Јужниот воен округ (ЈВО).

 

Хеликоптерот Ми-8АМТШ претставува борбено-транспортен хеликоптер кој е развиен врз база на повеќенаменскиот хеликоптер Ми8-АМТ. Овој хеликоптер кој жаргонски е наречен „Терминатор“ е неофицијално име за прототипот на оваа машина која за првпат на пошироката јавност ѝ беше демонстриран уште во 1999 година на меѓународниот авиосалон во Фарнбор. Во единиците на ВРФ влезе во 2009 година. Извозната верзија на овој хеликоптер е означена како Ми-171Ш.

Хеликоптерот ги задржа своите транспортни карактеристики како и кај претходните верзии. Но, она што беше главна новина во однос на претходните верзии е интеграција на цел арсенал на вооружување кој е практично ист како и кај јуришните Ми-24 „Хајнд“ како и значително зголемување на неговата оклопна заштита која е решена со вградување металокерамички оклопни плочи на виталните делови на хеликоптерот. Покрај овие новини во голема мера е реконфигурурана и неговата авионика, т.е. управувачкиот кокпит.

Максималната полетна маса на Ми-8АМТШ изнесува 13 тони. Неговата максимална брзина изнесува околу 260 километри на час, а оперативниот радиус е 610 километри. Хеликоптерот може да носи товар од 4 тони. Во него можат да влезат 26 војници (десантна пешадија) или 12 ранети на носилки со медицински персонал. Екипажот се состои од 3 лица, и е составен од командир, потоа втор пилот кој е оператор на вооружените системи на хеликоптерот, и летачки техничар кој исто така се наоѓа во функција на нишанџија на митралезите. Погонските агрегати се составени од 2 турбоелисни мотори ТВ3-117ВМ кои имаат максимална сила од 2100 коњски сили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња