СМРТ ЗА „НЕВИДЛИВИ“ АВИОНИ: Кај Су-35 откриени уште два дополнителни радари?

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press

Фотографии со повеќе или помалку непознати радарски станици со сантиметарски дијапазон можеа да се видат на постер на Рјазанската фабрика специјализирана за производство на овие системи. Официјално, овие системи се нарекуваат „повеќенаменски информациски пребарувачи со активна фазирана антенска решетка“. Нивната основна цел е детекција на воздушни цели со екстремно мала радарска рефлексија, така што, покрај другите можности за детекција што ги поседува овој авион, може да се нарече и најспособно борбено летало на светот кога станува збор за борба против ловци од 5 генерација.

Радарите кои работат во овие дијапазони на зрачење на електромагнетните бранови се најефикасни кога станува збор за детекција на тешко видливи цели, како што се стелт-авионите. Во анализата на американската воена операција против Ирак „Пустинска бура“, првите удари врз цели на ирачката војска беа насочени кон уништување на радарската инфраструктура која работеше во сантиметарски дијапазон, кој пак се сметаше за најопасен кога станува збор за откривање на американските „невидливи“ бомбардери F-117, пренесува веб-порталот РГ.

Според информациите кои ги објави американскиот портал Militarywatch, инсталацијата на дополнителни радари кои работат во споменатиот дијапазон значително ќе ги зголеми тактичките можности на повеќенаменскиот авион-ловец Су-35 од генерацијата 4 ++ за борба против авиони изработени според стелт-технологија. Друг исклучително моќен инструмент во таа борба е успешно тестираната во Сирија оптоелектронска станица за откривање цели ОЛС-35.

Во текстот се наведува и дека и главниот радар „Ирбис“, кој е вграден во носниот дел на леталото, исто така е необичен. Неговата активна фазирана решетка има механизам за активирање кој значително го зголемува аголот на пребарување на воздушниот простор (од 60 степени, колку што имаат стандардните радари со активна фазирана решетка, на 120 степени кај радарската станица „Ирбис“). А емитерот  со максимална моќност од 20 kW го прави еден од најмоќните уреди од овој тип на светот кои моментално се во оперативна употреба. Радарот може истовремено да следи до 30 различни воздушни цели и да гаѓа осум од нив.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња