Руската морнаричка пешадија добива „Суперкалашникови“

„Калашников“

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека морнаричката пешадија ќе биде опремена со „Суперкалашникови“ - автоматите АК-12, пренесува „Известија“. Први што ги добија во вооружувањето се војниците на Тихоокеанската флота (ТОФ) и Црноморската флота. Автоматите се испробани од „црните беретки“ на мировниот баталјон на  ТОФ, кои во моментов се на служба во Нагорно Карабах.

Воениот експерт Владислав Шуригин истакнува дека новото оружје обично го добиваат најборбеноспособните единици - специјалните сили, падобранците и морнаричката пешадија. Тој исто така нагласи дека претходните верзии на класичната автоматска пушка „Калашников“ се инфериорни во однос на американските автоматски пушки во однос на прецизноста, но новите се достојна конкуренција по овој параметар, пишува „Лента“.

АК-12 е дизајниран така што на него може да се монтираат различни нишани, ласерски покажувачи и батериски ламби. Покрај тоа, постои редица други модификации за него, вклучувајќи дополнителен преден ракофат или потцевен фрлач на гранати. Доколку е потребно, кундакот на оружјето може лесно да се преклопи на двете страни.

Воениот ресор истакна дека ефективноста на стрелбата со „Суперкалашников“ е двојно поголема во споредба со основниот АК-74М. Автоматот има и можност да стрела во фиксна серија од по два куршума.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња