Американците ги оценија перспективите на рускиот ловец Су-75 „Checkmate“ на комерцијалниот пазар

Алексей Майшев/Sputnik
Американските експерти сметаат дека предложената цена за овој авион, која е исклучително поволна кога се работи за летала од 5 генерација, одредува дека тој првенствено ќе биде наменет за странскиот пазар. За него се заинтересирани ОАЕ, кои во своето воено воздухопловство користат апарати од американско/западно производство. Доколку оваа земја набави руски авиони, Checkmate би имал незамислива извозна перспектива, заклучуваат американските експерти.

До овој заклучок дојде авторот на сајтот „Национален Интерес“ (The National Interest) Кејлеб Ларсон, кој се обидува да ги процени комерцијалните изгледи на перспективниот руски ловец на светскиот пазар. Тој пишува дека најавената почетна цена од 30 милиони американски долари е неспоредливо пониска од цената за американски ловец-бомбардер од петтата генерација F-35, која може да достигне цифра од дури 90 милиони долари, пренесува РГ.

Експертот смета дека вака ниската цена на овој авион одредува дека тој првенствено ќе биде наменет за странскиот пазар. Како доказ за ова тврдење се наведуваат разни промотивни материјали за овој авион во кои има пилоти од Индија, земјите на Блискиот Исток и Латинска Америка. „Се работи за маркетиншки трик со цел зголемување на меѓународниот интерес за овој авион“, смета Андерсон.

Според него, првиот потенцијален странски купувач на овие авиони се ОАЕ. Воздухопловството на оваа земја во моментов активно користи американски повеќенаменски ловци F-16 и француски „Мираж“. „Првиот договор што ќе биде потпишан кога станува збор за испораката на овие авиони на странски партнер значително ќе го прошири потенцијалот на неговата масовна продажба“, заклучува авторот на текстот.

Што се однесува до перспективниот ловец Су-75, неговата прва странска премиера беше на Меѓународниот воздухопловен саем Dubai Airshow 2021 што се одржуван од 14-18 ноември. Инаку, овој авион првпат беше презентиран на Меѓународниот военокосмички саем МАКС 2021.

Како главни карактеристики на перспективниот руски ловец од петтата генерација Checkmate се истакнуваат малата радарска видливост, модерниот радар са активна фазна решетка (АФАР), како и модуларноста на леталото кое ќе може да се адаптира по желба на купувачот.

При проектирањето на новиот авион се користени резултатите од работата над ловецот Су-57. Иако визуелно имаат одредени сличности, Checkmate ќе биде значително полесно летало, поточно ќе спаѓа во категоријата лесни тактички ловци. Што се однесува до конструкцијата, Checkmate ќе биде направен по стелт-технологија. Ќе има внатрешни отсеци во кои ќе се сместуваат ракети од различен тип и дострел. Ќе има нова нова авионика и способност за управување со беспилотни летала. Су-75 Checkmate ќе може да достигне брзина до 1900 км/ч, а неговиот борбен радиус изнесува 3 илјади километри.

Checkmate ќе се склопува во воздухопловниот завод КнААЗ во Комсомолск на Амур. Неговиот прв лет е планиран за 2023 година, а почетокот на сериското производство се очекува во 2025 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња