Прикажана беспилотна верзија на ловецот од 5 генерација Су-75 Checkmate (ВИДЕО)

Евгений Биятов/Sputnik
Станува збор за модификација на перспективниот лесен тактички ловец од 5 генерација Су-75 Checkmate. Видеото од беспилотната верзија на ова летало денеска на интернет-сервисот „Јутјуб“ го објавија државната корпорација „Ростех“ и Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК).

Државната корпорација „Ростех“ за првпат претстави беспилотна модификација на лесниот тактички авион од петтата генерација Checkmate, кој го разви компанијата „Сухой“ (Обединетата воздухопловна корпорација).

„Беспилотната верзија на ова летало можете да ја видите на новата видеоврска, која денеска на интернет сервисот „Јутјуб“ ја објавија државната корпорација „Ростех“ и Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК), како и во новиот информативен специјален проект“, го пренесува ТАСС соопштението на информативната служба на Ростех“.

Едномоторниот авион Checkmate беше премиерно претставен на саемот на воздухопловство МАКС-2021 во Русија, каде што беше прикажан неговиот прототип.

При проектирањето на новиот авион се користени резултатите од работата над ловецот Су-57. Иако визуелно имаат одредени сличности, Checkmate ќе биде значително полесно летало, поточно ќе спаѓа во категоријата лесни тактички ловци. Што се однесува до конструкцијата, Checkmate ќе биде направен по стелт-технологија. Ќе има внатрешни отсеци во кои ќе се сместуваат ракети од различен тип и дострел. Ќе има нова нова авионика и способност за управување со беспилотни летала. Су-75 Checkmate ќе може да достигне брзина до 1900 км/ч, а неговиот борбен радиус изнесува 3 илјади километри.

Рускиот ловец Checkmate ќе се склопува во фабриката за авиони во  Комсомолск на Амур (КнААЗ). Неговиот прв лет е планиран за 2023 година, а почетокот на сериското производство за 2025 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња