С-350Е „Витез“
vitalykuzmin.net„За прв пат во странство ќе го претставиме ракетниот ПВО-систем С-350Е „Витез“, како и нестратешкиот систем за противракетна одбрана „98Р6Е“ Абакан, кој е наменет за борба против современи и перспективни тактички и оперативно-тактички балистички ракети“, велат од информативната служба на концернот.
С-350 „Витeз“ претставува ракетен систем со среден дострел и спаѓа во орудијата од нова генерација. Развиен е од познатиот концерн „Алмаз-Антеј“. Се употребува за борба против широк спектар воздушни објекти на далечини до 60 км. Притоа ракетата може да собори цел која се движи на висина до 30 км. Системот може подеднакво ефикасно да се употреби против аеродинамични, но и балистички цели. Една лансирна единица на ракетниот систем С-350 „Витeз“ е вооружена со 12 ракети (9М100 и 9М96) со мал и среден дострел. Треба да се напомне дека руските конструктори за овој систем ја развија и ракетата 9М96Е2 која има двојно поголем дострел во далечина од стандардните ракети. Нејзиниот максимален дострел изнесува 120 км.
Новиот систем со среден дострел ќе обезбеди далеку поголема огнена моќ за единиците за ПВО во борбата против непријателот. Сега само еден ракетен дивизион С-350, кој во основа се состои од осум лансирни единици, во својот состав ќе има 96 ракети, наместо 32 ракети, како што е случајот со системите С-300ПС. Ова, во содејство со современиот радарско-набљудувачки комплекс ќе обезбеди способност за заштита од масовни удари на условниот непријател, кој се проектира со употреба на голем број бомби, крстосувачки ракети и беспилотни летала.
Кога станува збор за нестратешкиот ПРО-систем 98Р6Е „Абакан“, се наведува дека станува збор за мобилен повеќеканален ПВО-систем за ракетна одбрана (ПРО) чија намена е да уништува модерни и перспективни оперативни и тактички балистички ракети за време на одбраната на важни воено-индустриски, државни и административни објекти.
98Р6Е „Абакан“
vitalykuzmin.netНеодамна беше прикажана самоодна лансирана единица со ознака 51П6E2 која има два контејнери со ракети, како и управувачка антена преку која се врши управување на ракетите, по што во завршната фаза на летот се вклучува самонаведуваната боева глава која ја зафаќа целта и се насочува кон неа. Се проценува дека вака конфигуриран систем има солидна извозна перспектива.
Инаку, самиот комплекс е направен на таков начин што ќе може да се интегрира во ешалонираниот систем на противвоздухопловната и противракетната одбрана, но ќе може да дејствува и самостојно. Овој систем може да се вклучи како засилување на секој систем за ПВО со среден или голем дострел, како дополнителна компонента која ги проширува можностите на ПРО за одбивање масовни удари на балистички ракети. Што се однесува до самите антибалистички ракети, станува збор за моделот 9М82МДЕ кој го користи и системот „Антеј-4000“. Се проценува дека овој тип на ракета може да пресретне балистичка цел на далечина до 30 км (висина 25 км). Кога станува збор за повеќенаменската радарска станица што оди со овој систем, се претпоставува дека станува збор за извозен дериват на радарот „Енисеј“, која е дел од новиот ПВО/ПРО систем С-500 „Прометеј“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче