Наведуваниот ракетен проектил со зголемен дострел, кој рускиот военоиндустриски комплекс специјално го развива за повеќецевните ракетни лансери „Град“ и „Торнадо-Г“ е успешно комплетиран. Ова на заинтересираните новинари им го пренесе информативната служба на концернот „Технодинамика“ (интегрален дел на „Ростех“).
„Новата наведувана ракетна муниција обезбедува зголемени параметри на прецизност во однос на класичните проектили со калибар 122 милиметри, го зголемува нивниот ефективен дострел, ја намалува потрошувачката и овозможува со еден плотун од една самоодна лансирна единица да се погодат повеќе различни точкасти мети без дополнителна подготовка“, се вели во соопштението на концернот „Технодинамика“.
Во продолжението на соопштението се наведува дека новата наведувана ракетна муниција може да ја користи класичниот повеќецевен ракетен фрлач „Град“, неговата модернизација „Торнадо-Г“, но и поморската верзија на повеќецевниот ракетен лансер А-215 „Град-М“ која се наоѓа во бродското вооружување.
Кога станува збор за верзијата на повеќецевниот ракетен лансер 9К51М „Торнадо-Г“, главната разлика во однос на основната верзија 9К51 „Град“ се однесува на далеку поквалитетниот систем за управување со огнот поврзан со сателитска навигација и компјутер што ги пресметува балистичките влезни податоци за гаѓање, што овозможува значително намалување на подготовката за напад што се одвива во автоматски режим на работа. Модернизираното орудие 9К51М „Торнадо-Г“ ќе добие и нова муниција со калибар 122 мм, која е дури 6-10 пати поефикасна во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Вкупно се направени три типа муниција за модернизираниот ПРЛ 9К51М „Торнадо-Г“. Моделите на новата муниција беа претставени на саемот на вооружување и воена опрема „Армија 2018“. Се проценува дека во зависност од типот на ракетната муниција, ефективниот дострел на ова средство во далечина е во опсег од 40 до повеќе од 100 км.
Руските експерти сметаат дека употребата на вакви модернизирани артилериски орудија обезбедува зголемување на прецизноста на огнот за 30%, додека со употреба на високопрецизни наведувани типови на артилериска муниција од нова генерација, прецизноста ќе достигне вредности од 0,98-0,99.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче