Ова е првиот руски ротокоптер за кој целокупната конструкторска документација е изработена во дигитален формат, истакнуваат од корпорацијата.
Ка-226Т се тестира во Националниот центар за производство на хеликоптери „Мил и Камов“. Машината беше прикажана во статичен вид на изложбата МАКС 2021, а на меѓународно ниво хеликоптерот премиерно ќе биде прикажан на меѓународниот саем за воздухопловство Dubai Airshow 2021 кој се отвора на 14 ноември.
Најважната карактеристика на новиот хеликоптер се состои во тоа што тој е прилагоден за летови во високи планини, на што укажува и работниот назив „Алпинист“. Новото летало има подобрена аеродинамика, а трупот е направен од современи лесни материјали. Ка-226Т доби нов јарбол на носечкиот ротор, лопатките и главниот редуктор, како и систем за довод на горивото заштитен од удари и дефекти.
Хеликоптерот има современ систем на летачка и навигациска опрема, а постои и опција за вградување на систем за довод на кислород во случај на летови на големи висини. Коаксијалната конструкција на роторот обезбедува лесно управување во разредена атмосфера, брзо подигање во висина и можност за работа од платформи сместени на големи висини, истакнуваат од „Ростех“. Покрај тоа, хеликоптерот е прилагоден за летови над море и може да се спушти на палуба, дури и кога станува збор за помали пловила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче