Американците проценуваат дека „тој“ би можел да стане новиот лидер на рускиот воен извоз

А-50У

А-50У

twitter.com/mod_russia
А-50У претставува авион за воздушно набљудување и командување, способен да открива непријателски цели на далечини и до 800 км. Според тврдењата на американскиот информативен портал „Национален Интерес“ (The National Interest), се работи за потенцијален нов бестселер на руската воена индустрија кога е во прашање извозот.

Модернизацијата на советските авиони А-50 се однесува на замена на старата со нова радарска антена која ќе има зголемени технички карактеристики. Конкретно, новата радарска станица ќе обезбеди побрзо откривање на нисколетечки цели со намалена радарска рефлексија како што се „невидливи“ борбени авиони, крстосувачки ракети и хеликоптери. Покрај ова унапредување, руските конструктори ја надградија и отпорноста на оваа антена на непријателски средства за попречување (противелектронска борба).

Станува збор за радарско-набљудувачкиот радар „Шмељ-М“ произведен од специјализираниот концерн „Вега“. Тој е во состојба да детектира балистички ракети на далечини до 800 км, аеродинамични цели на далечини до 650 км, а копнени цели на далечина до 300 км. „Шмељ-М“ е способен истовремено да следи до 300 цели и во автоматизиран режим на работа да ги праќа нивните координати до авионите-ловци.

Покрај зголемените способности за откривање непријателски цели, модернизираниот А-50У доби и далеку пошироки можности за насочување на ловечко-пресретнувачката авијација. Основната верзија на „летечкиот радар“ можеше да насочува врз детектираните воздушни цели исклучиво ловци-пресретнувачи МиГ-31, додека модернизираната варијанта може да ги наведува практично сите авиони-ловци што се наоѓаат во вооружувањето на руската армија, вклучувајќи ги тука и средствата за ПВО. Модернизираната верзија на А-50У исто така може да ја наведува и ловечко-бомбардерската авијација врз откриени цели што се наоѓаат на копно. Благодарение на современиот командно-информациски систем ова летало може да се поврзе со група од 30 ловци-бомбардери и да ги насочува врз најопасните цели. Овој авион може да управува и со операции за борбено патролирање над поширок реон на десантна основа, што беше демонстрирано на воените вежби на Воздушно-десантните сили на РФ кон средината на 2018 година.

Радарскиот комплекс е изграден врз модерни основи, со што се ослободи место за проширување на резервоарите со гориво, што пак го зголеми оперативниот радиус на леталото. Покрај тоа, екипажот има на располагање и покомфорен простор за дневен престој и кујна за подготвување храна.

Конкретно, оваа модернизација на летечкиот радар имаше и своја борбена примена во Сирија, каде што ги потврди сите свои тактичко-технички карактеристики. Најголем потенцијал за набавка на верзијата А-50У имаат Индија и Кина. Цената за еден примерок е околу 350 милиони американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња