Противвоздухопловната одбрана на јужните граници на Русија, пред сé на полуостровот Крим, ќе биде засилемна со новите ракетни ПВО-системи С-350 „Витез“, пренесува веб-порталот РГ.
„На јужните граници на Руската Федерација, вклучувајќи го и полуостровот Крим, се наоѓа прилично силна ПВО-групација. Таа е способна да ги одбие сите напади на условниот непријател кои би дошле од практично сите правци со масовна употреба на воздухопловно оружје на различни висини и брзини. Во вооружувањето на оваа група се наоѓаат ракетни ПВО/ПРВО системи со голем дострел С-400 „Триумф“ како и хибридни ракетно-топовски системи „Панцир“. Овие единици се подготвени наскоро да ги усвојат и ПВО-системите од последната генерација С-350 „Витез“, изјави командантот на Јужниот воен округ, генерал на армија Александар Дворников.
С-350 „Витeз“ претставува ракетен систем со среден дострел и спаѓа во орудијата од нова генерација. Развиен е од познатиот концерн „Алмаз-Антеј“. Се употребува за борба против широк спектар воздушни објекти на далечини до 60 км. Притоа ракетата може да собори цел која се движи на висина до 30 км. Системот може подеднакво ефикасно да се употреби против аеродинамични, но и балистички цели. Една лансирна единица на ракетниот систем С-350 „Витeз“ е вооружена со 12 ракети (9М100 и 9М96) со мал и среден дострел. Треба да се напомне дека руските конструктори за овој систем ја развија и ракетата 9М96Е2 која има двојно поголем дострел во далечина од стандардните ракети. Нејзиниот максимален дострел изнесува 120 км.
Новиот систем со среден дострел ќе обезбеди далеку поголема огнена моќ за единиците за ПВО во борбата против непријателот. Сега само еден ракетен дивизион С-350, кој во основа се состои од осум лансирни единици, во својот состав ќе има 96 ракети, наместо 32 ракети, како што е случајот со системите С-300ПС. Ова, во содејство со современиот радарско-набљудувачки комплекс ќе обезбеди способност за заштита од масовни удари на условниот непријател, кој се проектира со употреба на голем број бомби, крстосувачки ракети и беспилотни летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче