„Кога овој систем ќе им биде испорачан на Вооружените сили во неопходниот обем, ќе стане возможна и испораката за извоз. Ги разгледуваме Индија, како и Кина, и сите земји со кои имаме долгорочни, партнерски и предвидливи односи, во својство на идни сопственици на овие најнови системи“, изјави во интервју за РБК директорот на Федералната служба за военотехничка соработка Дмитриј Шугаев, цитиран од РИА „Новости“.
Притоа, ФСВТС има намера да ги разгледа потенцијалните барања поединечно во секој конкретен случај, додаде Шугаев.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека наскоро армијата ќе го добие првиот сериски примерок на С-500.
С-500 „Прометеј“ (ОКР „Триумфатор-М“) е нова генерација на ПВО/ПРО системите „земја-воздух“. Станува збор за универзален комплекс со голем дострел и висинско пресретнување со зголемен потенцијал за противракетна одбран. Радиусот на уништување на С-500 е околу 600 километри. Покрај тоа, системот ќе може да открие и истовремено да уништи до 10 балистички суперсонични цели кои летаат со брзина до 7 км/сек. Ќе може да уништува и боеви глави на хиперсонични ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче