„Во следните неколку години претстојат дополнителни испораки за војската на преку 200 летала и 26 противвоздушни ракетни системи С-350 и С-400, како и на првиот сериски модел на најновиот ракетен систем С-500“, рече Путин, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, Путин изјави дека распоредувањето на американски ракети во Европа претставува опасност за Русија.
„Има и планови на САД, за кои сите знаат, за распоредување ракети со среден дострел во Европа, што за нас преставува голема опасност и закана“, изјави тој.
Претходно беше објавено дека Русија планира до 2030 година на светскиот пазар на оружје да го претстави напредниот ПВО-ПРО систем С-500 „Прометеј“. На Кина ѝ е понудено да размисли за набавка на С-500.
С-500 Прометеј припаѓа на новата генерација противвоздушни ракетни системи „земја-воздух“. Станува збор за универзален комплекс со голем дострел и висинско пресретнување со зголемен потенцијал за противракетна одбрана, способен да пресретнува балистички ракети. Перспективниот систем може да погоди не само балистички, туку и аеродинамични цели (авиони, хеликоптери, други воздушни цели), како и крстосувачки ракети.
Дострелот на С-500 е околу 600 километри. Освен тоа, системот ќе може да открие и истовремено да погоди до десет балистички суперсонични цели кои се движат со брзина до 7 километри во секунда, а има и можност да погоди борбени блокови на хиперсонични ракети. Според своите карактеристики, значително ќе го надминува системот С-400, кој се наоѓа во состав на руското вооружување, како и неговиот американскиот конкурент Patriot Advanced Capability-3.
Во јули годинава концернот „Алмаз-Антеј“ и Министерството за одбрана на Русија потпишаа договор за испорака на првата партија С-500 „Прометеј“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче