Руски студенти и научници измислија начин на добивање мелено месо од матични клетки

Nikolay Gyngazov/Global Look Press
Се работи за големо откритие кое има огромно значење. Студенти и научници на Белгородскиот национален истражувачки универзитет измислија начин на производство на мелено месо од матични клетки. А за само неколку години тоа би можело да се појави во продавниците.

Свинско, говедско, пилешко месо. Едноставно кажано, во зависност од тоа од кое животно ќе земете матични клетки, такво месо и ќе добиете. И тоа ќе изгледа речиси како природно. Може да се нарече вештачко само делумно. Поради тоа што животното не е одгледано на фарма, туку месото е добиено во лабораторија, во биореактор.

Крајниот производ е таканареченото клеточно мелено месо, протеински таблети, концентрат што може да се користи во козметиката и фармацевтската индустрија. А од меленото месо може да се прават разни познати јадења.

Во светот на науката има примери за производство на „месо“ врз растителна база. Меѓутоа, белгородските научници имаат сосема поинаков начин на добивање кој нема еквивалент.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња