PZL M28B
Ministerstwo Obrony NarodowejОва летало е направено врз база на полскиот авион M28 „Skytruck”, кој претставува модификација на советскиот двомоторен турбопропелерски авион Ан-28. Овој авион се произведуваше под лиценца во Полска во раните 1980-ти.
Леталото е наменето за извршување различни задачи - од десантирање на падобранци, транспорт на товар и евакуација на ранети, па сè до уништување копнени цели.
Во носниот дел на авионот е поставен нишански оптоелектронски систем. На дополнителни места под трупот може да се постави дополнителна радиоелектронска опрема.
MC-145B може да користи различни типови вооружување кое главно го користат американските ударни хеликоптери од типот AH-64 Apache и AH-1Z Viper, вклучувајќи ги и ударните беспилотни летала MQ-1 Predator и MQ-9 Reaper. Тоа пред сé се однесува на употребата на наведуваните ракети AGM-114 Hellfire. Покрај овие ракети, на четирите поткрилни носачи можат да се закачат и наведуваните воздухопловни бомби тешки 130 кг кои ја носат ознаката GBU-39. Процените се дека овој авион е во состојба да користи и високопрецизни убојни средства AGM-176 Griffin, GBU-69 и др.
Се очекува до средината на наредната година MC-145B да ги добие сите потребни сертификати кои ќе овозможат негово сериско производство во полската фабрика за воздухопловство PZL, кое нема да започне пред 2023/2024 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче