Оперативно-тактички систем „Искандер-М“ за време на електронски лансирања на „квазибалистички“ ракети на вежбовен полигон.
Јуриј Смитјук/TASSПреминот во сезонско-зимскиот период на експлоатација ќе биде реализиран на сите типови воена и специјална техника што се ноѓа во оперативна употреба. Таа ќе го опфати техничкиот парк од лесни автомобили па сé до сите самоодни лансирни орудија. На овој начин значително се продолжува ресурсот на ангажираните средства и се намалува можноста за потенцијален дефект при нивно дејство.
Во план е со оваа техничка процедура во зимски режим на експлоатација да се префрлат повеќе од 200 единици вооружување и воена техника. Комплетната проверка на исправноста на разните агрегати, електричните и информациските системи, која опфаќа бројни технички операции како замена на масло, лубриканти и антифриз, ја врши група од 250 лица од составот на Јужниот воен округ. За овие активности се формирани 5 технички пунктови каде ќе се реализира преминот на техниката во зимски режим на експлоатација.
На крајот од оваа постапка командата на Јужниот воен округ ќе изврши контролна проверка на техниката преку организирање на активности во касарните и полигоните (воени вежби).
Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ е наменет за уништување на системи за ПВО и ПРО на непријателот и неговите критички важни објекти во тактичка и оперативна длабочина на непријателскиот фронт. Во неговото вооружување е ракетата 9M723, која се карактеризира со корелативен тип на наведување и квазибалистичка траекторија. Квазибалистичката ракета 9M723 се одликува со исклучително голема брзина на лет. Се карактеризира со променлива траекторија, така што претставува многу изискувачка цел која е многу тешка за соборување со системите на ПРО. Ракетата е способна за маневрирање во висина и правец при брзина поголема од 7500 км/ч. Притоа таа трпи оптоварување и до 30G. Во текот на летот може да достигне висина и до 100 км. Нејзиниот максимален дострел изнесува 500 км. На таа далечина нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче