Русија ги модифицира своите хеликоптери по воените операции во Сирија и Авганистан

Транспортен хеликоптер Ми-171А2 над Бајкалското Езеро на фестивалот на брзината „Бајкалска милја“. Екипажот на фабриката од Улан-Уде постави рекорд со овој хеликоптер, развивајќи брзина од 68,81 км/ч на минимална висина од 20 метри и патека долга 1,6 км.

Транспортен хеликоптер Ми-171А2 над Бајкалското Езеро на фестивалот на брзината „Бајкалска милја“. Екипажот на фабриката од Улан-Уде постави рекорд со овој хеликоптер, развивајќи брзина од 68,81 км/ч на минимална висина од 20 метри и патека долга 1,6 км.

Сергеј Бобилев/TASS
Хеликоптерот, кој е произведен во најголем број примероци во светот, сега треба да биде модернизира за да може да изведува воени операции во највисоките планински области во светот. Дури и Американците се „фатија“ на тоа.

Русија планира да ги „научи“ своите сериски хеликоптери Ми-171А2 да функционираат на 5000 метри надморска висина, соопштуваат медиумите. Тестирањето е планирано за 2022 година и штом ќе биде завршено, хеликоптерот ќе биде пуштен во сериско производство.

Ми-171 е најновата модификација на хеликоптерот Ми-8, кој е направен во најголем број примероци на светот. Широко се користи во Латинска Америка, на Блискиот Исток, во Индија и Пакистан. Беше користен дури и во американската операција во Авганистан.

„Армијата на САД во 2011 година купи еден број вакви машини за потребите на војната во Авганистан со цел да ги користи во планинските подрачја, бидејќи нивните хеликоптери „Чинук“ не се соодветни за такво нешто. Нашата машина е поевтина и поиздржлива во летовите низ пустински подрачја, како и во региони со висок процент на влажност и високи температури“, вели Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Тој објасни дека овој хеликоптер беше многу користен во воените конфликти последниве децении и дека сега е време да се направат низа модификации во согласност со новите сознанија и критериуми на војување во иднината.

Една модификација е надградбата на моторот. Тоа е неопходно за да може хеликоптерот да полета и слета на висини над 5.000 метри за да евакуира ранети од бојното поле.

„Модернизираниот Ми-8 во 2013 година прелета над Андите во Перу и се искачи над 6300 метри. Тогаш тоа беше нешто како возило Формула 1, т.е. еден единствен примерок на машина во која се вложени милиони долари. Денеска постојат можности и соодветни технологии да се започне со масовно производство на такви хеликоптери“, вели Мураховски.

Според него, таков сериски хеликоптер се прави во согласност со конкретните желби на клиентите, а модернизираниот Ми-171 има шанса да влезе во сегашната програма за државна набавка на оружје.

„Летово [2021 година] на саемот на оружје „Армија 2021“ во Подмосковје беше демонстрирано како ќе изгледа хеликоптерот по модернизацијата. Кабината на модернизираниот Ми-171 ќе биде претворена во џиновски iPad. Тоа ќе биде огромен екран со дигитални команди и најнов систем за навигација. Изгледа импресивно, благо кажано“, додава тој.

Производителот планира да додаде и комплет специјална индивидуална опрема со кислород и специјално да го преуреди хеликоптерот за индискиот пазар. Ова го изјави Владимир Артјаков, првиот заменик-генерален директор на корпорацијата „Ростех“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња