Вчера екипажот на разурнувачот „Вицеадмирал Кулаков“ успеа да спречи заземање на брод за цивилна намена во водите на Гвинејскиот залив, кој беше нападнат од пирати.
Околу 13 часот по локално време рускиот разурнувач „Вицеадмирал Кулаков“ доби сигнал за помош упатен од тешкиот танкер „Луција“ која превезува контејнери со разновидна стока. Овој брод пловеше под знамето на Панама од Република Того за Република Камерун. Тие испратија порака дека пловилото се обидуваат да го преземат вооружени напаѓачи кои се движат со брзи чамци. По испраќањето на СОС-пораката, екипажот на танкерот „Луција“ според инструкциите се сокри во машинското одделение на бродот.
Од рускиот разурнувач наскоро полета спасувачки хеликоптер Ка-27ПС со група морнаричка пешадија и се упати кон танкерот „Луција“. При надлетувањето на хеликоптерот над бродот пиратите почнаа да го напуштаат. Тие во паника почнаа да скокаат во нивните чамци и со голема брзина бегаат во правец на брегот.
Рускиот хеликоптер Ка-27ПС направи неколку кругови околу танкерот „Луција“. После тоа, од разурнувачот „Вицеадмирал Кулаков“ пристигна противтерористичка група, изврши десант на бродот, го ослободи екипажот и изврши детален претрес на бродот.
Инаку, во групата руски бродови предводена од разурнувачот „Вицеадмирал Кулаков“ се и танкерот од средна класа „Академик Пашин“ и спасувачкиот реморкер „Алтај“. Оваа група се наоѓа во Гвинејскиот залив на Атлантскиот Океан. Планирано е оваа група да остане на оваа локација три недели. Основната задача на оваа група е да обезбеди непречена пловидба за бродовите што се наоѓаат во водите на Гвинејскиот залив, што вклучува мониторинг на ситуацијата со помош на палубната авијација кога станува збор за површински пловни објекти. За време на антипиратската мисија бродовите на Северната флота прегледаа неколку цивилни пловила и спречија заземање на панамски танкер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче