Припадници на Генералната дирекција на железничката бригада на Источниот воен округ.
Виталиј Ањков/SputnikГлавната цел на служењето воен рок е да се воспита борец кој без страв и без сомнеж ќе тргне во борба под дожд од куршуми. Поради тоа се смета дека идниот воин треба буквално да се одучи од размислување и да се „дресира“ во истиот момент да изврши наредба без разлика колку таа се чини луда или глупава. Во спротивно мозокот и инстинктот за самоодржување ќе го убеди човека да остане во засолниште и војната ќе биде изгубена.
Некои наредби од секојдневниот војнички живот се смешни, а некои изгледаат глупаво, па дури и лудо.
Терминот „оттука до ручек“ се однесува на многу аспекти од воениот живот: трчање, работа, чистење, гаѓање на полигон итн.
За такво нешто постои дури и рационално објаснување. Поголемиот број млади кога ќе се најдат заедно покажуваат голем вишок енергија, па треба да се изморат со некаква работа зашто во спротивност оваа енергија ќе ја ослободат на различни начини: со тепачка, со караница итн. Меѓутоа, не може да се допушти кршење на правилата онаму кадешто луѓето имаат пристап до оружје.
Оваа војничка игра им помага на војниците да научат брзо да се облекуваат и да средуваат во случај на тревога. Истото важи и за пожарникарите кои за неколку секунди треба да ја облечат униформата и да излезат на местото на пожарот. Во армијата важи истиот тој принцип.
Во војска целата единица учи брзо да се облече и да истрча надвор и тоа почитувајќи определени временски нормативи. Сè започнува така што вие лежите во креветот под ќебе, а по наредбата „станувај, војско“ скокате од креветот и брзо ја земате својата облека.
Во текот на летото треба да се облечете и да истрчате надвор со автомат за помалку од 50 секунди. Назима тоа не смее да трае повеќе од една минута и 50 секунди.
Доволно е само еден војник да не се вклопи во ова време и командирот да викне „остав“, и сите да се вратат, да се слечат и повторно да легнат в кревет, и целата процедура се повторува сè дури војниците во четата не го постигнат бараниот резултат. Или додека не дојде времето за ручек.
Во војска е дозволено пушење само со постар војник и само со негова дозвола. Ако некој ве види со цигара во раката во работно време, ќе ве испратат да го „погребате опушкот“.
Тоа значи дека морате да земете лопата и да одите во шумичката на територијата на касарната. Таму неколку часа ќе се потите дури не ископате цел гроб. А, кога гробот ќе биде ископан го фрлате опушокот на дното, одржувате посмртен говор и го закопувате.
Но, тоа не е сè. Како шлаг на тортата ќе бидете вонредно распоредени на највалканите и најтешки работи до крајот на седмицата.
Во војска сè мора да блеска и да сјае. Доколку нешто не блеска и не сјае значи дека треба да му се додаде сјај. Ова особено важи доколку се ближи посета на некој висок функционер или, не дај Боже, генерал.
Војниците во армијата редовно ги бојадисуваат ѕидовите и аглите, но понекогаш впечатокот го нарушува свенатата и пожолтена трева, и тогаш и таа треба да се обои во оптимистичка зелена боја.
За време на маршот или на утринската фискултура командирите сакаат да извикуваат команди „атомски оддесно“, „атомски одлево“ итн. за војниците да вежбаат реагирање на експлозија на мина или на граната во непосредна близина.
По зборот „атомски...“ морате нагло да скокнете на спротивната страна и да ја покриете главата со рака додека командирот не викне „со трчање напред марш“. Сето тоа изгледа како танц на избезумени зајаци.
Дури и оној што никогаш во животот не држел игла во рака, во војска мора да научи да шие и да крои. Секој ден ќе морате да зашивате бела лента од внатрешната страна на јаката на воената униформа. И тоа воопшто не е од естетски причини, ами со цел ткаенината на униформата да не впива валканици и пот со оглед на тоа што униформата не се пере толку често, и за во неа да не се размножат микроби и бактерии кои подоцна би можеле да предизвикаат раздразнетост на кожата и болести.
Доколку не сте искусни во рачната работа и на вашиот командир не му се допаѓа како сте ја завршиле работата, тој ќе ја откинува лентата што сте ја зашиле сè дури не ја зашиете како што треба. Исто така ќе мора редовно да ги шиете ознаките на своите работи, да крпите дупки и искинати џебови на панталоните и на војничката блуза, затоа што во армијата добивате само еден комплет за цел воен рок.
Прочитајте исто така: Како ќе ти мине една година во руската армија
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче