АК-47 или СКС: Зoшто Советите го прифатиле АК, а технологијата СКС ја продале на Кинезите?

Russia Beyond (Photo: StarLineArts/Getty Images; Swedish Army Museum)
И двата вида биле омилено оружје во партизанското војување и сè уште се користат во конфликтите ширум светот, иако се конструирани пред 70 години.

Кон крајот на четириесеттите години од минатиот век на советската армија ѝ било потребно оружје од нова генерација со кое нејзините војници би можеле да бидат непобедливи во борбите. Инженерите конструираа низа модели кои армијата ги користела наместо застарените пушки Мосин-Нагант. Тестирањето започна во 1947 година. Биран е модел кој во следните неколку децении ќе биде основното оружје на руската војска. Најголеми шанси имале самополнечкиот карабин на Симонов (СКС) со последните модификации и автоматот АК-47.

„Требаше и едното и другото да станат главно оружје на советските војници веднаш по Втората светска војна. Меѓутоа, на командата повеќе ѝ се допадна идејата своите луѓе да ги вооружи со автоматско оружје со муниција за пушка, одошто и понатаму да користи карабини“, вели за порталот Russia Beyond Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.

Тој, меѓутоа, тврди дека СКС во тестирањата на крајот на четириесеттите години од минатиот век се покажал подобро од АК-47. А, еве зошто.

Карабин СКС или автомат АК-47

Кадети минуваат курс по склопување и расклопување автомат АК-47. Спартакијада, натпреварување во военоприменливи спортови на Унијата на ветерани од војната, Татарстан.

СКС според конструкцијата е нешто помеѓу брзопукачка пушка репетирка Мосин-Наган (познати како „Мосинка“) и автоматот АК-47. Оваа пука со долга цевка со едноставен магацин кој се отстранува и во кој собира 10 куршуми (што е значително подобрување во однос на Мосин-Нагантите кои тогаш ги користеше советската армија) и тогашната нова муниција со калибар од 7.62х39 милиметри.

„Моделот СКС беше полуавтоматска пушка од новото време. Таа во 1947 година беше прилично добро и сигурно оружје зашто производителите работеа на неа цели 7 години за да го подготват оружјето за тестирање во војската“, вели Козјулин.

Ефективниот дострел на пушката со новата муниција изнесуваше 300 метри. Новото оружје беше постабилно и попрецизно од конкуренцијата, но постоеја и извесни нијанси.

СКС имаше определени недостатоци во однос на АК-47. Тоа е пред сè магацинот со 10 куршуми. Муницијата се уфрла во магацинот или рачно или со помош на шаржер. Ниту едното, ниту другото не ги задоволуваше потребите на оружјето од новото време.

„СКС има повеќе делови кои штрчат така што валканиците полесно доаѓаат во пушката и предизвикуваат дефекти. Покрај тоа, 10 куршуми во магацинот може да бидат доволни за лов, но не и за непријатели кои користат автоматско оружје и ве убиваат од дистанца од 100 до 200 метри“, нагласува Козјулин.

Треба да се истакне дека АК-47 користеше иста муниција, но имаше сериозна предност во однос на СКС, а тоа е магацин со 30 куршуми кој може да се демонтира.

Ирачки пилоти пукаат од АК-47 за време на вежби за стрелање, 29 март 2011 година.

„Благодарение на тоа овој модел беше многу помоќен од СКС и покрај низата недостатоци кои се забележани за време на военото тестирање кон крајот на четириесеттите години од минатиот век“, вели за порталот Russia Beyond Владимир Онокој, раководител на Одделението за военотехничка соработка при концернот „Калашников“.

Калашников беше перспективен инженер кого воената команда мошне го ценеше. Неговите идеи за создавање модел кој е еквивалентен на германскиот автомат StG 44, односно сличен автомат од советско производство, беа добро прифатени, така што му беа дадени време и доволно ресурси за да ја заврши работата на моделот АК-47 и за да направи од него сигурно и ефикасно оружје какво што го знаеме денес.

Клучниот недостаток на автоматот АК-47 беше големата непрецизност. Покрај тоа, тој на почетокот беше тежок и не беше згоден за ракување зашто беше направен набрзина по Втората светска војна. Меѓутоа, верзијата која се појави во 1959 година повеќе не ѝ даваше никаква шанса на конкуренцијата“, додаде Онокој.

Војници на претседателскиот полк за време на церемонијата на смена на пешачката и коњичката стража на Соборниот плоштад на московски Кремљ.

На крајот СКС беше прифатен и примен во арсеналот на руската армија, но се користеше главно во церемониите на Кремљскиот полк, а исто така и во пограничните и во резервните единици.

Сепак, моделот СКС имаше потенцијал за адаптација, беше сигурно и моќно оружје кое се здоби со популарност во вооружените сили во странство.

Иднината на СКС

Со оглед на тоа дека СКС не беше прифатен за масовно производство во руската армија, рускиот воен врв се согласи технологијата за неговото производство да ја сподели со Кина.

Кинески морнар со автоматот Туре 56.

Споменатиот експерт истакнува дека Kина има направено милиони клонови од овој карабин и им го има дадено називот Туре 56. Ова оружје во текот на педесеттите и на шеесеттите години од минатиот век ѝ одговараше на кинеската воена маоистичка доктрина во која приоритет имаа пушките, снајперските напади и заседи, а не директниот вооружен судир. Пушката беше особено добра за кинеската армија зашто на нејзините војници им овозможуваше да се движат без поголем товар со ограничено количество муниција во џебовите.

„Пушката беше идеална за партизанското војување. Попрецизна е од автоматот и поевтина е од снајперката. Ова оружје не бара многу, а е сигурно. Може да се користи во заседи дури и во барски и на песочни терени“, вели Онокој.

„Оваа пушка често ја користат ловџиите во Русија и во САД, а може да се види и во рацете на вооружените формации во Сирија и во Ирак“, заклучува експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња