Shenyang J-6
Max Smith, Wikimedia CommonsОвие авиони веќе подолга низа години ја претставуваат основата на Кинеското воено воздухопловство. Во основа, Ј-6 е копија на советскиот ловец МиГ-19. Масовното производство на овој авион беше организирано во раните 60-ти години на минатиот век во фабриката за авиони во Шенјанг. Неговото производство практично траеше наредните четвртина век. Се проценува дека за тие 25 години се комплетирани околу 4000 вакви летала.
Покрај тоа што се користеше во Кинеското воено воздухопловство, J-6 беше испорачуван и на други земји кои во тоа време беа сојузнички на Пекинг. Овие летала влегоа во вооружувањето на армиите на Виетнам, Египет, Ирак, Иран, Пакистан, Албанија итн. Тие зедоа учество во разни вооружени конфликти, пренесува веб-порталот РГ.
Што се однесува до самото летало, тоа тежеше околу 8,5 тони. Максималната брзина на големи висини достигнуваше 1700 км/ч/. Борбениот радиус изнесуваше 685 километри. Со авионот управуваше еден пилот.
Што се однесува до вооружувањето, тоа беше топовско. Авионот имаше три топа со калибар 30 мм кои беа копија на советските НР-30. Покрај тоа, леталото имаше способност да применува и ракети „воздух-воздух“, како и ненаведувани ракетни зрна за удари по непријателски копнени цели. Исто така, Ј-6 можеше да носи и гравитациски воздухопловни бомби.
Овие ловци по 50 години активна служба беа повлечени од вооружувањето, меѓутоа, се проценува дека тие ќе продолжат да бидат во функција, но овој пат во сосема нова форма. Очигледно Кинезите ќе ги конвертираат овие авиони во беспилотни летала кои главно ќе имаат вежбовна улога (боевоо гаѓање при симулација на борба во воздух или единиците на ПВО), меѓутоа не се исклучува ни борбена употреба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче