ВИДЕО: Погледнете лансирање на ракета „Булава“ од подморницата „Кнез Олег“

Целта на ракетата беше полигонот Кура на полуостровот Камчатка. Нуклеарната подморница „Кнез Олег“ ја лансираше ракетата од подводна позиција, а податоците на објективната контрола покажаа дека борбените блокови на ракетата стигнале до наведеното подрачје во пресметаното време.

Стратешкиот ракетен подводен крстосувач „Кнез Олег“ лансираше балистичка ракета „Булава“ од водите на Белото Море.

Лансирањето беше извршено во рамките на програмата за државни тестирања, пишува ТВ „Ѕвезда“. Целта на ракетата беше полигонот „Кура“, кој се наоѓа на полуостровот Камчатка, бидејќи „Књаз Олег“ гаѓаше од позиција под вода. Податоците на објективната контрола потврдија дека борбените блокови на ракетата стигнале до целта во однапред пресметаното време.

Стратешкиот подводен крстосувач на нуклеарен погон „Кнез Олег“ е подморница од четвртата генерација според проектот „Бореј-А“, чии државни тестирања ќе завршат годинава.

Р-30 „Булава“ е руска балистичка ракета на цврсто гориво од комплексот Д-30 за распоредување на подморници од проектот 955 „Бореј“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња