Воена база Баликчи во Киргистан. Руски војници на тактичките вежби „Граница-2016“ во кои учествуваат и воени единици од земјите-членки на ОДКБ
Михаил Воскресенски/РИА „Новости“Војници од Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан одработуваат заеднички дејствија за одбивање на нападите на условните терористи. Во вежбите се користат оклопна техника и авијација, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Два ударни Ми-24 со ракети од класата „воздух-земја“ ги спречија плановите на условниот непријател за брз пробив. Хеликоптерите постојано се враќаа да ги нападнат непријателските позиции, не дозволувајќи можност за маневрирање. Така, противникот буквално беше закован за земја од авионскиот „рингишпил“, додека на првите борбени линии почна да кружи артилерискиот „рингишпил“.
Правнуците на легендарната „Катјуша“ – повеќецевните ракетни лансери „Град“ на руската воена база во Таџикистан направија од лансираните проектили огнен „тепих“ на десното крило и направија дупка за контранапад на тешката оклопна техника на обединетата група.
Тенковите Т-72 влегоа како клин, го зазедоа теренот, ги отсекоа крилата од центарот, ја растурија одбранбената линија на неодамна нападнатата илегална формација, а по нејзините стратешки објекти - складиштата за муниција, утврдените јазли за врска и командните пунктови, „работеше“ артилеријата на вооружените сили на Република Таџикистан.
Вкупно, во масовните заеднички маневри на земјите-членки на ОДКБ на полигонот „Харб Мајдон“ во подножјето на Памир, во близина на границата со Авганистан, вклучени се повеќе од 4000 војници од Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Таџикистан и Киргистан, како и 500 единици техника. Според планот, во тилот на условниот непријател од транспортен авион ИЛ-76 треба да се десантира единица на руските ВДВ.
А од земја руските падобранци се поддржани од своите колеги. Јуришна единица на вооружените сили на Казахстан со оклопни транспортери БТР со борба се пробива до окупираниот плоштад. Борбената координација на единиците од комбинираниот контингент ќе продолжи до крајот на неделата на неколку полигони за обука во Таџикистан. За тоа време, војниците од шесте земји ќе треба да пробаат уште неколку борбени сценарија, подготвени од раководството на вежбата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче