Морнаричката пешадија на руската армија ќе има високомобилни десантни одреди

Министерство за одбрана на РФ
Во единиците на Јужниот воен округ во тек е сериозна проверка на моторизираните формации, како и на единиците на морнаричката пешадија на Црноморската флота и на Касписката флотила кои ќе бидат во состојба да се десантираат со современи воздухопловно-транспортни борбени средства.

Пилотите на армиската авијација зедоа учество во воена вежба со боево гаѓање која беше реализирана според сценарио на командантот на баталјонско-тактичките групи на морнаричката пешадија на Црноморската флота и Касписката флотила.

Примената на авијацијата беше организирана со цел обезбедување воздушна поддршка на мешовитите копнени борбени формации од удари на условниот непријател, вклучувајќи и изведување на воздухопловно извидување и десант на високомобилни единици со помош на борбено-транспортни хеликоптери.

За време на дејството на хеликоптерските одделенија и ескадрилите на борбено-транспортната компонента на десантот, нивно наведување вршеа операторите кои се наоѓаа на командните пунктови. Комплетниот процес функционираше во единствен извидувачко-ударен систем во кој беа вмрежени сите ангажирани сили. Наведувањето на воздушните удари врз копнените цели на условниот непријател го презедоа на себе специјализираните извиднички единици на СпН со помош на системот на извидување, команда и врска КРУС „Стрелец-ВР“.

Во согласност со барањето на командантот на Јужниот воен округ, генерал на армија Александар Дворников, практиката на управување со воздухопловните сили е воведена во системот на борбена обука кај сите командири на чети и баталјони на моторизираните, тенковските и артилериските единици на овој округ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња