Новиот акустичен детектор на беспилотни летала „Атака-Шорох“ ги помина фабричките тестирања. Ова за рускиот веб-портал ТАСС го изјави претставник на „Ростех“ кој учествува на изложбата на вооружување и воена техника „Интерполитех 2021“.
„Модулот за акустично извидување „Атака-Шорох“ на компанијата „Роселектроника“, која се наоѓа во рамките на државната корпорација „Ростех“, успешно ги заврши фабричките воведни тестирања“, рече соговорникот на оваа руска медиумска куќа.
Според него, модулот е опремен со ултрасензитивни микрофони, кои овозможуваат детекција на беспилотно летало на големи растојанија, како и одредување на неговата точна позиција.
Според претставникот на државната корпорација „Ростех“, за време на тестирањето овој модул успешно дејствувал како самоестоен детектор на беспилотни летала според звучниот канал, а исто така и во состав на комплексот за радарска детекција на беспилотни летала, кој има и уред за електронски пречки „Атака-DBS“. Овие системи за радарско-акустично извидување со уреди за противелектронска борба се интегрирани во мобилната верзија на комплексот за борба против беспилотни летала „Атака-Трофи“.
Овој комплекс е во состојба самостојно, без учество на оператор, да лоцира и идентификува беспилотно летало по принципот „свој/туѓ“, како и автоматски да оневозможи негово понатамошно продирање во зоната што ја обезбедува. Времето на транзиција на комплексот од маршевска во борбена позиција не е поголемо од 5 минути. Комплексот е во состојба да покрива радиус од 1000 метри и да ги блокира во таа зона сите канали за контрола и дијапазони на радио-бранови што најчесто ги користат контролните пунктови со оператори (од 2-6 GHz). Овој тип на летала може многу успешно да се примени за операции на незаконски надзор и транспорт на разни товари.
Модулот за акустично извидување „Атаха-Шорох“ беше претставен на експозицијата на холдингот „Роселектроника“ (Ростех) на 25-от Меѓународен саем за безбедност „Интерполитех 2021“ кој од 19-22 октомври се одржува во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче