Единиците на моторизираната оперативно-тактичка група на силите на Западниот воен округ во рамките на командо-штапската вежба (КШУ) која ги опфаќа единиците кои го покриваат југозападниот стратешки правец, зедоа учество во билатерална баталјонско-тактичка воена вежба со боево гаѓање.
Овие единици пред извесно време беа ставени во состојба на зголемена борбена готовност. Тие под тревога излегоа од базите и зазедоа однапред одредени позиции. На воениот полигон Прудбој, припадниците на овие единици имаа задача да изведат одбранбена операција во услови на висок интензитет, во која применија тактички принципи на модерна комбинирана борба.
Сценариото на вежбата предвиде симулација на битката - црвена и сина. Командантите на ангажираните единици демонстрираа способност да носат атипични одлуки и да изведуваат нешаблонски тактички дејствија при реализацијата на конкретните задачи, користејќи искуства од модерните вооружени конфликти.
Во завршната етапа на тактичката воена вежба беа реализирани и задачи за боево гаѓање со учество на моторизирани, тенковски и артилериски единици. Гледано во целина, за време на оваа вежба беа уништени повеќе од 1000 различни копнени и воздушни цели кои симулираа непријателски оклопни сили, пешадија и ударни хеликоптери.
Се проценува дека во командно-штапската воена вежба на различни полигони за обука беа ангажирани околу 8 илјади војници на Западниот воен округ, со нешто повеќе од 350 единици различно вооружувње и борбена техника од составот на комбинираната армија, воздухопловните единици и ПВО, од практично сите родови, вклучувајќи ги и единиците за специјална намена. Во вежбата учествуваа и силите на Црноморската флота и Касписката флотила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче