Во Русија измислени очила кои можат да го следат погледот на сопственикот

pstu.ru
Со помош на ваквите очила маркетиншките стручњаци ќе можат подобро да го оценат вкусот на купувачите.

Руските научници измислија очила со кои може да се надгледува погледот на сопственикот. Податоците од овој уред може да се користат во маркетинг истражувањата во продавниците, пишува службата за односи со јавноста на Пермскиот национален истражувачки политехнички универзитет (ПНИПУ).

Системот, кој се состои од програма и очила опремени со камери, овозможува да се фиксираат движењата на човечкото око и споредуваат со сликите од околината. Со помош на таквата опрема маркентишките стручњаци ќе можат да го проучуваат однесувањето на фокусните групи во продавниците со цел подобро да разберат на што прво обрнуваат внимание посетителите и кај кои рафтови се задржуваат. Тоа ќе им овозможи на трговците поефикасно да ја разместуваат стоката во продавницата.

Очилата базирани на алгоритми за невронски мрежи ќе помогнат да се создаде комплетна слика за однесувањето на клиентот и според пресметките на дизајнерот ќе бидат речиси десет пати поевтини во споредба со сличните. За разлика од панданите, руската разработка ќе овозможи проучување на информациите од неколку пара очила истовремено. Тоа е постигнато благодарение на специјалните алгоритми базирани на невронски мрежи кои го оптимизираат процесот на обработка на сликата и употребата на повеќејадрени компјутерски модули, се наведува во соопштението.

Со проценувањето на однесувањето на неколку потрошувачи одеднаш се намалува времето потребно за такви истражувања, сметаат експертите.

Според проектантите, производот ќе биде интересен за воведување на пазарот В2В, но технологијата може да се прилагоди и за решавање на други задачи. На пример, со помош на очилата, корисниците ќе можат да управуваат со компјутерот без глувче, наведува прес-службата на ПНИПУ.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња