„По повод прославата на 800-годишнината на Нижни Новгород, а во рамките на договорот за соработка на државната корпорација „Роскосмос“ со владата на Ниженовгородската област, ракетата-носач е декорирана со симболите на прославата на овој настан“, се вели во соопштението.
Ракетата е декорирана со мотиви на хохлома, стара руска техника за сликање на дрво, на бочните блокови на првиот и третиот степена, додека на вториот е залепена налепница со натпис посветен на 800-годишнината на Нижни Новгород.
Првиот човек на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин претходно предложи да се декорираат ракетите со техниките на хохлома и гжељ „за да се зачува традицијата на рускиот народен занает“.
Лансирањето на „Прогрес МС-18“ од космодромот Бајконур е планирано за 28 октомври.
На 11 октомври ракетата-носител „Сојуз-2.1б“ со потисниот блок „Фрегат“ и 36 британски комуникациски сателити OneWeb беа префрлени на стартниот комплекс на космодромот „Восточни“ заради лансирање на 14 октомври.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче