Руските морнари првпат употребија на вежби извидувачки беспилотни летала од брод

Reuters
Екипажот на бродот „Велики Устјуг“ првпат користеше извидувачки летала од бродот за време на воени вежби.

Руските морнари првпат на воени вежби применија извидувачки беспилотни летала од брод со цел контрола на погодувањето цели со крстосувачки ракети „Калибар“, соопшти Јужниот воен округ.

„Екипажот на малиот ракетен брод „Велики Устјуг“ на Касписката флотила, во рамките на завршната проверка за учебната 2021 година, изведе практично гаѓање со примена на ракетен систем „Калибар“. Припадниците на војската првпат применија неконвенционален начин на објективна контрола на погодувањето крајбрежни цели со беспилотни летала „Орлан 10“ и „Елерон-3“, кои полетаа од главниот брод на флотилата, ракетниот брод „Дагестан“, беше речено од Јужниот воен округ.

Како што се наведува, примената на беспилотните летала од бродот е поврзана со низа потешкотии. Меѓу другото, на бродот имаше многу комплицирани услови за полетување и слетување (нишање, ограничена големина на платформата за полетување, можност за слетување на вода, и сл.), агресивна надворешна средина (употреба на беспилотни летала на висина од преку 1500 илјади метри при налети на ветер кои достигнуваат десетици метри во секунда).

Ситуацијата е отежната, како што се посочува, и обезбедувањето сигурна врска со беспилотното летало и негова навигација поради проблемите што ги прави огромната водена површина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња