Се очекува дека околу 25 милиони луѓе ќе го посетат „Експо 2020“ во Дубаи, првиот настан од ваков вид што ќе се одржи на Блискиот Исток и во Северна Африка. Толку луѓе ќе имаат можност да го посетат величествениот руски павилјон креиран во склад со главната тема на изложбата: „Креативен ум: Создавање иднина“.
Павилјонот е во вид на купола. Неговата надворешна обвивка е составена од безброј мали разнобојни цевчиња. Нивното испреплетување создава визуелен ефект на бесконечност и го симболизира вечниот процес на разбирање и спознавање на светот. Инсталацијата во павилјонот, реализирана од Simpateka Entertainment Group, го истражува мозокот, а мултимедијалната инсталација ја прикажува неговата структура и функционирање.
Павилјонот нуди и богата културна програма, вклучувајќи ги најдобрите оперски и балетски претстави, предавања, музејски презентации и часови по руски јазик. На фестивалот „Од Русија со ...“ ќе бидат прикажани најдобрите играни и анимирани филмови, перформанси и дела на дигиталната уметност.
Културните настани ги следи и интензивна деловна програма. Во руската купола експертите ќе разговараат за низа теми, вклучувајќи ги вселената, иновативните технологии, урбаниот развој, е-трговијата, земјоделството, образованието, како и медицината и здравството.
Кога станува збор за креаторите и пронаоѓачите, Русија отсекогаш била на врвот: писателот Лав Толстој, хемичарот Дмитриј Менделеев, ракетниот стручњак Сергеј Корољов, да наведеме само неколкума. Пред сто години, Русија беше во епицентарот на светското внимание, поврзувајќи ги најпрогресивните креативни сфери: „Руските сезони“ на Сергеј Дјагилев, авангардната уметност на Михаил Ларионов и Казимир Малевич, театарскиот метод на Станиславски и уште многу други нешта. Денес, голем дел од рускиот пазар сé уште го сочинува креативната сфера, особено во Москва и Санкт Петербург.
Рускиот павилјон на изложбата во Дубаи има за цел да ја раскаже приказната за сите руски креативни и научни иновации од минатото. А во исто време да покаже што е ново во Русија на ова поле и како модерните руски креативни умови ја создаваат иднината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче