„Пошта на Русија“ има намера да се префрли на електрични возила

Mikhail Pletsky / Russian Look/Global Look Press
Писмата и пратките веќе се превезуваат со комбе „Газела“ со електричен мотор.

Компанијата „Пошта на Русија“ има намера да се префрли на превоз на писма и пратки со електрични автомобили и на тој начин да го намали штетното влијание врз животната средина. За таа цел поштенската мрежа доби пробна партија на првиот руски комерцијален електричен автомобил GAZelle e-NN, се наведува на сајтот на компанијата.

„Газела“ со електричен мотор може да пренесе до 2,76 тони товар и се полни многу брзо. Потребни се половина час за полнење на акумулаторот до осумдесет проценти капацитет. Со полн мотор електричниот автомобил може да помине 120 километри со максимална брзина од сто километри на час.

Како што истакнуваат од „Поштата на Русија“, компанијата веќе на големо користи гасно гориво како еколошки поприфатлива варијанта на бензинот. Поштенската мрежа првпат воведува во употреба комбе со електричен мотор. Друг новитет со чие тестирање ќе започне во најскоро време е електричниот трицикл. Пробна партија електрични автомобили за превоз на помал товари на „Пошта“ наскоро ќе ѝ испорача компанијата „Форвард“ од Нижни Новгород. Возилата ќе чинат околу 600 илјади рубли (околу 7000 евра) и ќе можат да превезуваат до 90 килограми товар.

Треба да се каже дека најголемиот руски производител на товарни возила „Камаз“ минатиот месец го претстави првиот во земјата автобус на водород. Компанијата смета дека иднината на еколошкиот сообраќај во Русија е токму во овој вид на гориво. Кога ќе се појави соодветна инфраструктура, се очекува превозните средства на водород да им бидат конкурентни на традиционалните.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња