„Партнер 2021“: Во Србија пристигнаа Бук-М3Е „Викинг“, „Бумеранг“, „Торнадо-Г“, „Орион“, „Орлан-10Е“

Бук-М3 „Викинг“

Бук-М3 „Викинг“

Владимир Астапкович/Sputnik

Првиот човек на државната корпорација „Рособоронекспорт“ Сергеј Михеев изрази благодарност до српскиот државен врв, како и до организаторите на Меѓународниот саем за оружје и воена техника „Партнер-2021“, за обезбедувањето услови руската државна корпорација првпат да ги претстави на високо ниво своите производи во Србија. Посетителите ќе можат да го видат самоодниот ракетен ПВО-систем Бук-М3Е „Викинг“, извозната верзија на тактичкото беспилотно летало „Орлан-10Е“ како и повеќенаменскиот амфибиски авион Бе-200. Исто така, тука ќе биде и еден од последните новитети на руската воена индустрија кога станува збор за ударната беспилотна техника со леталото „Орион-Е“ кое е тестирано во воени услови, потоа оклопниот транспортер БТ-3Ф, борбени оклопни средства на платформата на тркала „Бумеранг“, повеќецевниот ракетен лансер „Торнадо-Г“, средниот тенк „Спрут-СДМ1“...

АД „Рособоронекспорт“ (составен дел на Државната корпорација „Ростех“) првпат ќе учествува на X Меѓународен саем на вооружување и воена опрема „Партнер 2021“ што од 11-14 октомври оваа година се одржува на Белградскиот саем.

„Сакам да ги пофалам организаторите на манифестацијата „Партнер 2021“ кои обезбедија учество и на нашата корпорација на овој саем. Ние првпат учествуваме со наш штанд на кој ќе ги претставиме руските компании-производители. Сметам дека оваа манифестација ќе му даде нов импулс на руско-српското билатерално воено-техничко партнерство, кое оваа година слави 15 години соработка“, истакна првиот човек на државната корпорација „Рособоронекспорт“ Сергеј Михеев.

„Благодарение на ангажирањето на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, во последно време бележиме значителен пораст на соработката меѓу нашите земји. Во овој момент нашиот обем и различните модалитети на соработка за различни прашања имаат стабилен тек со тенденција за понатамошен раст. Ние работиме заедно на темите што се однесуваат на опремувањето на сите видови и родови на вооружените сили, индустриското партнерство, соработките што се прават за потребите на трети земји, но и на увозот на гама производи од српската воена индустрија за рускиот пазар“, изјави Михеев.

Конкретно, што се однесува до рускиот военоиндустриски комплекс што ќе биде претставен на изложбениот штанд № 4001 во павилјонот 4 на белградскиот саем, ќе бидат претставени извозната верзија на самоодниот ракетен ПВО-систем со среден дострел Бук-М3Е „Викинг“, извозната верзија на тактичкото беспилотно летало „Орлан-10Е“, како и повеќенаменскиот амфибиски авион „Бе-200“, специјализиран за гаснење пожари, што неколку пати беше ефикасно демонстрирано во европските земји кои се соочија со невидена огнена стихија.

На штандот ќе бидат презентирани и борбено-извидувачкото беспилотно летало „Орион-Е“, кое е една од најновите „sвезди“ на руската воена индустрија што им е претставено на странските партнери, потоа оклопниот транспортер БТ-3Ф направен врз база на платформата на борбеното возило на пешадијата БМП-3. „Рособоронекспорт“ на српските посетители ќе им ги претстави и борбените оклопни возила К-16 (оклопен транспортер) и К-17 (борбено возило на пешадијата) кои се направени врз база на унифицирана платформа на тркала „Бумеранг“, како и уште еден новитет кога станува збор за средните тенкови со способност за десантирање од воздух „Спрут-СДМ1“. На штандот ќе има и повеќецевни ракетни лансери „Торнадо-Г“, оклопно возило „Тајфун-К“, вклучувајќи и брзи патролно-десантни пловила од класите 03160Е (рус. 03160Э) и БК-16Е (рус. БК-16Э).

Покрај тоа, на штандот на корпорацијата „Рособоронекспорт“ свои производи ќе претстават и низа руски компании кои се дел од военоиндустрискиот комплекс. ТПК „Аргус-НВ“ ќе претстави линија на термовизиски нишани за различна намена, АД „Дедал-НВ“ ќе претстави модели на своите оптички и термовизиски нишани, ГК „Стилсофт“ автономните комплекси за дневно-ноќен оптоелектронски надзор „Аванпост“ и „Муром“, а исто така и систем за обезбеддување и видеонадзор со широкопојасни карактеристики „ВидеоЗаслон“. Компанијата „Пољус-СТ“ ќе прикаже макета на мобилниот сигнален комплекс „Кајман“ и систем за обезбедување на периметар „Радиобарјер“.

ЦНИИ „Буревесник“ ќе претстави макети на далечински управуваната беспосадна купола 32В01 и артилерискиот модул опремен со топ со висока балистика со калибар 57мм Ау-220М. Вториов е поставен и на новите модели на српска оклопна борбена техника. Тоа е најдобар пример за можностите за соработка меѓу руската и српската воена индустрија.

Покрај горенаведените компании и модели на современа руска борбена технологија, на штандот на „Рособоронекспорт“ свои производи ќе претстават и холдингот на државната корпорација „Ростех“ „Технодинамика“ и „Швабе“. Првите ќе им претстави на посетителите широк спектар на муниција за различни типови вооружување во воената техника, додека „Швабе“ ќе претстави производи што се резултат на диверзификација на производството на системи за цивилна намена.

Во рамките на изложбената програма претставниците на „Рособоронекспорт“ ќе имаат и серија состаноци со партнери од различни институции кои се занимаваат со одбрана и безбедност, домашни бизнисмени, вклучително и деловни луѓе и компании од други европски земји.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња