АКТУЕЛНО: Започна заедничката руско-српска летечко-тактичка воена вежба „БАРС-2021“

Десантно-јуришни хеликоптери Ми-35М од саставот на Војската на Србија

Десантно-јуришни хеликоптери Ми-35М од саставот на Војската на Србија

Министерство за одбрана на Република Србија / Војска на Србија
Во вежбата ќе земат учество мешовити екипажи на повеќенаменски авиони-ловци МиГ-29 и борбено-транспортни и десантно-јуришни хеликоптери Ми-8 и Ми-35М. Се проценува дека ќе бидат ангажирани вкупно десетина борбени летала на српското Воено воздухопловство и ПВО од воените аеродроми Батајница и Лаѓевци.

Во Србија започна заедничката руско-српска летечко-тактичка воена вежба „БАРС-2021“, пренесува официјалниот сајт на руското Министерство за одбрана.

Во рамките на оваа вежба пилотите на војските на двете пријателски земји ќе реализираат симулација на воздушна битка во парови, вклучително и извршување на сите летечко-тактички елементи кои се негов составен дел, потоа реализација на напади врз цели со мала големина и брзина на ниски висини (авиони-ловци МиГ-29), десантирање на место на несреќа и евакуација на повредени лица, комплексни маневарски фигури при извршување на овие задачи, огнено дејство други сегменти на употреба со борбено-транспортни и десантно-јуришни хеликоптери Ми-8 и Ми-35М.

Во вежбата ќе земат учество мешовити екипажи на повеќенаменски авиони-ловци МиГ-29 и борбено-транспортни и десантно-јуришни хеликоптери Ми-8 и Ми-35М. Се проценува дека ќе бидат ангажирани вкупно десетина борбени летала на српското Воено воздухопловство и ПВО од воените аеродроми Батајница и Лаѓевци.

Со цел максимално запознавање со системот на работа во српските вооружени сили, руските екипажи поминаа подготвителен курс кога станува збор за запознавање со воздухопловната терминологија и стручните термини што ги користи Војската на Србија.

Летечко-тактичката воена вежба „БАРС-2021“ се реализира во согласност со плановите за ангажирање на руските вооружени сили во рамките на меѓународната воена соработка. Вежбата ќе трае до 16 октомври.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња