Тенковска моќ: познатите „Таманци“ удрија со тенкови Т-72Б3 по вкопаниот непријател (ВИДЕО)

Министерство за одбрана на РФ
Сценариото на вежбата со боево гаѓање вклучуваше напад на тенковска група на Таманската дивизијата врз утврден појас на условниот непријател кој се состоеше од вкопана оклопна борбена техника и огнени точки на кои се наоѓаа преносни противтенковски ракетни системи. Покрај тоа, се вежбаше и тактика на поставување тенковски заседи.

Во Московската област беше реализирана вежба во која учествуваа припадниците на елитната Таманска моторизирана дивизија која се наоѓа во состав на гардиската тенковска армија на Западниот воен округ. Самата вежба имаше за цел проверка на единиците на оваа дивизија по блокот обука кој беше одржан во текот на летниот период.

Сценариото на вежбата подразбираше напад врз утврден појас на условниот непријател кој се состоеше од вкопана оклопна борбена техника и огнени точки на кои се наоѓаа преносни противтенковски ракетни системи. Комплетната вежба со боево гаѓање беше реализирана на полигонот Алабино.

Екипажите на тенковите Т-72Б3 со концентриран оган од тенковските топови 2А46М-5 со калибар 125 мм ги уништија техниката на непријателот и позициите со противтенковски системи. Групата непријателски цели се наоѓаше на растојанија до 2 илјади метри. Неговата жива сила беше уништена со дејство на митралезе НСВТ и ПКТ.

Покрај тоа, се вежбаше и тактика на поставување тенковски заседи. При реализацијата на овој сегмент од вежбата беа користени и извидувачки беспилотни летала „Орлан-10“. Беспилотно летало „Орлан-10“ е производ на руската компанија „Специјален технолошки центар“ (Специальный технологический центр).  Неговата основна намена е откривање непријателски цели во тактички радиус до 50 километри, вклучително и насочување на оган (артилерија, оклопно-механизирани единици). Тоа е интегрален дел на специјалниот тактички систем за врска „ЕСУ ТЗ“, кој работи на принципите на мрежноцентрично војување и кој во реално време ги обединува речиси сите фактори кои учествуваат на бојното поле.

Во вежбата учествуваа повеќе од 400 офицери и војници на Таманската моторизирана дивизија. Вкупно беа ангажирани околу 100 единици разновидно вооружување, воена и специјална техника која се наоѓа во состав на дивизијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња