Австралијците направија мета-имитација на тенкот Т-14 „Армата“

Виталиј В. Кузмин
Австралија ја демонстрираше првата мета во природни димензии која е копија на изгледот на рускиот тенк Т-14 на тешката унифицирана платформа Армата.

На крајот на минатиот месец компанијата GaardTech објави фотографија од овој примерок на својата страница на „Твитер“ и ја опиша како „роботизиран противник од 5-та генерација“, пишува „Росијскаја газета“.

Судејќи според сé, макетата сé уште не е целосно завршена, бидејќи недостасуваат некои детали типични за вистинското борбено возило, на пример, панорамскиот нишан на командирот и митралезот на далечинско управување на куполата.

Кога ќе биде готова макетата на Т-14 таа, како и обично, ќе биде монтирана на далечински управувана платформа на тркала, опремена со уреди што создаваат термичко зрачење. Така претходно беше направена имитацијата на самоодното противвоздушно орудие ЗСУ-23-4 „Шилка“. Истата беше презентирана на почетокот на септември, која на интернет беше објавено видео, снимено преку термовизор на беспилотно летало.

GaardTech произведува за армијата лажни противвоздушни ракетни системи „Квадрат“ (SA-6), тенкови Т-80БВ, Т-80У и Т-72М1, како и борбени возила на пешадијата БМП-3.

Што се однесува до Т-14 „Армата“, минатата година беа демонстрирани и неговите „рамни“ 2Д-мети. Освен врз нив, австралиската војска на полигоните ќе вежба гаѓање и врз Т-90С, БМП-1 и БТР-80.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња