Лесен преносен ракетен систем „Врба“
Виталий Тимкив/SputnikЛесниот преносен ракетен ПВО-систем (рус. ПЗРК) „Метка“, кој е исклучително отпорен на непријателски термички мамки, во блиска иднина ќе влезе во вооружувањето на руската армија. Ова го изјави во интервју за весникот „Краснаја звезда“ командантот на Копнените сили, генерал на армија Олег Салјуков.
„Во блиска временска перспектива планираме да го воведеме во вооружување лесниот преносен ракетен ПВО-систем од нова генерација „Метка“, чијашто ракета, поточно неговата самонаведувана боева глава, е отпорна на сите видови оптички пречки“, истакна рускиот генерал, пренесува веб-порталот ТАСС.
Рускиот генерал, исто така, напомена дека во вооружувањето на руската армија може да се очекуваат нови самоодни ПВО-системи како што е оклопното возило „Тајфун-ПВО“, потоа модернизираниот ракетно-топовски ПВО-систем „Панцир-СМ-СВ“ кој е специјализиран за борба против беспилотни летала, како и самоодниот артилериски ПВО-систем „Деривација-ПВО“, кој во своето вооружување има нов топ со калибар 57 мм.
Што се однесува до новата генерација лесни преносни ракетни ПВО-системи „Метка“, за нив нема многу информации кога се во прашање тактичко-техничките карактеристики. Се претпоставува дека станува збор за систем сличен на ЛПРС 9K333 „Врба“. Овој систем е способен да собори цел на далечина и до 6400 метри и висина од респектабилни 4500 метри. Освен тоа, се работи за проектил со исклучително голема разорна моќ, бидејќи покрај главното експлозивно полнење, се активира и отсекот со гориво во корпусот на ракетата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче