Првиот контингент руски оклопни транспортери на тркала БТР-82А пристигна во Белорусија, додека следниот ќе пристигне во ноември. Ова во четвртокот го соопшти информативната служба на белоруското Министерство за одбрана на својот телеграм-канал, пренесува веб-порталот ТАСС.
„На железничката станица во Минск пристигна првиот контингент оклопни транспортери БТР-82А, произведен од руската компанија АД„ Арзамаски машински завод“ (Арзамасский машиностроительный завод). Основната количина на оваа техника ќе влезе во вооружувањето на 120-та механизирана бригада на белоруската армија. Неколку единици на БТР-82А ќе бидат испорачани на 72 ОУЦ (Здружениот центар за обука) и Воената академија“, изјавија од белоруското Министерство за одбрана.
Според информативната служба, обновата на вооружувањето на белоруските единици ќе доведе до постепен премин на тркала на гасеничната оклопна техника, кога станува збор за механизираните бригади. Од Министерството за одбрана додаваат дека во штотуку пристигнатата техника е вграден и добар дел белоруски компоненти, како што се системите за врска што ги произведува ОАО „Агат-систем“ и нишаните на ОАО „Пеленг“. Покрај тоа, во Белорусија пристигнаа и две единици на оклопната ремонтно-евакуациска машина БРЕМ-К (БРЭМ-К) која се наоѓа на шасија на оклопниот транспортер БТР-80. Овие средства се наменети за засилување на 120-та и 6-та механизирана бригада на белоруската армија.
БТР-82А претставува модификација на оклопниот транспортер БТР-80. Експерименталните модели на ова возило се направени во 2009 година. Малку повеќе од четири години подоцна, оклопниот транспортер беше воведен во вооружувањето на руската армија. Масата на возилото изнесува 15400 килограми. Овој транспортер е способен да превезе до 10 војници со полна борбена опрема. Опремен е со дизел-мотор кој генерира 300 коњски сили. Благодарение на тоа, но и на погонот на тркала, БТР-82А на пат може да постигне брзина и до 100 км/час. При совладување на водени пречки, плови со брзина до 9 км/час. Со полни резервоари овој оклопен транспортер може да совлада пат во должина од 600 км.
Вооружен е со автоматски топ 2А72 кал. 30 мм во пар со митралез кал. 7,62 мм. Максималната брзина на стрелба што ја остварува овој топ е околу 300 гранати во минута. Енергијата на гранатата овозможува ефективна борба против непријателска жива сила на далечини и до 4000 метри, како и против лесно оклопна борбена техника до 2000 метри. Панцирната поткалибарна граната „Кернер“ кал. 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 30 мм која е навалена под агол од 60 степени, од растојание од 1000 метри. Модернизираните варијанти на овој транспортер (БТР-82АТ) можат да бидат вооружени и со противтенковски наведувани ракети „Корнет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче