ВИДЕО: Силите за ПВО уништија 50 цели во близина на Астрахан

Екипажите на противвоздушните ракетни системи на единиците за ПВО уништија над 50 воздушни цели во текот на вежбите во Астраханската област.

Како што соопштува прес-службата на Централниот воен округ (ЦВО), војниците одработија борбено лансирање на ракети дење и ноќе, а прецизноста на погодоците во цел изнесуваше над 90%. Уништените мети имитираа мали дронови и крупна техника – ударни хеликоптери, ловци, бомбардери, балистички и крстосувачки ракети, пренесува „Росијскаја газета“.

Во составот на групата сили за ПВО дејствуваа С-300В, „Бук-М2“, „Бук-М1“, „Тор-М1“, „Оса-АКМ“, „Стрела-10“, ПРЛС „Игла-С“ и системи „Тунгуска“. Вкупно над 700 единици техника.

Во воените вежби во Астраханската област учествуваа единици базирани во Кировската, Оренбуршката, Самарската, Пензенската и Челјабинската област, како и во Алтајскиот крај – вкупно преку 2000 војници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња