Русите создадоа радар што ќе им обезбеди на пилотите „на слепо“ да го спуштат својот хеликоптер

Alamy
БРЛС „Песок“ работи во W-дијапазон на протегање на радарските бранови. Неговата маса е околу 12 кг и може да се интегрира во речиси сите видови хеликоптери што се наоѓаат во употреба. Станицата може детално да ја анализира површината на земјата и нејзиниот релјеф на растојание до 100 м, летала на далечина од 200-300 м, електрични далноводи на 150 м, вклучувајќи и малогабаритни предмети што можат да се најдат на патеката на леталото. Целиот проект има исклучително висок извозен потенцијал.

Руската компанија „Радар ммс“ го заврши циклусот тестирања на новата радарска станица БРЛС „Песок“, наменета за безбедно слетување на хеликоптери во услови на намалена оптичка видливост. Во овој момент, во тек се подготовките за почеток на неговото сериско производство, истакнува за веб-порталот ТАСС генералниот директор на компанијата Георгиј Анцев.

„БРЛС „Песок“ е во целост подготвен за сериско производство, кое може да отпочне по првото барање на нарачателот на работата. Ние во целост ја развивме технологијата, ја создадовме компонентната база, комплексот за пренос на податоци, антената и другите компоненти од кои се состои станицата“, рече Анцев, нагласувајќи дека пробната серија нови радари е веќе комплетирана.

Според него, БРЛС „Песок“ може да се интегрира на различни видови хеликоптери. „Овој радар може да се монтира на различни хеликоптери, од Ми-8 до Ми-38, „Ансат“, Robinson, Bell Helicopter и други, практично на хеликоптери од сите класи, големини и намени кои се во фаза на развој или се планира да бидат модернизирани. Оваа станица има голем извозен потенцијал. БРЛС „Песок“ е повеќе од неопходен за изведување на безбедно полетување и слетување на леталото на сите терени, вклучително и на неподготвени локации во услови на намалена оптичка видливост (магла, виулица, чад), или кога се крева песок, прашина и снег поради вително движење на воздухот што го создава хеликоптерскиот пропелер“, додава Анцев.

Интеграцијата на оваа радарска станица овозможува минимизирање на влијанието на човечкиот фактор врз слетувањето на хеликоптерот. „Радарот ќе го неутрализира стравот кај пилотот и ќе му ги даде сите неопходни информации. Ние додаваме уште еден извор на информации кој ги интегрира сите други параметри на еден индикатор на екранот, при што на тој начин создаваме услови пилотот да се чувствува далеку покомотно во зоната на слетување. Радарската станица со помош на своите сензори прецизно ги одредува растојанието и висината на леталото во однос на земјата, го анализира комплетниот простор каде што се изведува слетувањето, поточно ги детектира сите објекти кои ја одредуваат околината, што значително ја намалува веројатноста за судир со пречки и ја зголемува безбедноста на летот. Овој систем ќе обезбеди на правецот на летот да се избегнуваат пречки и да се слетува во тешки услови“, вели Анцев.

Според генералниот директор на компанијата „Радар ммс“, во рамките на понатамошното унапредување на радарската станица „Песок“ се планира интеграција на сегментот со дигитални карти, што ќе ја зголеми автоматизацијата при процесот на слетување.

БРЛС „Песок“ работи во W-дијапазон на протегање на радарските бранови. Неговата маса е околу 12 кг. Станицата може детално да ја анализира површината на земјата и нејзиниот релјеф на оддалеченост до 100 м, летала на далечина од 200-300 м, електрични далноводи на 150 м, вклучувајќи и малогабаритни предмети што можат да се најдат на патеката на леталото. Со употреба на овој радар може значително да го намали бројот на несреќи и неуспешни слетувања на хеликоптери во тешки услови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња