Три радарско-набљудувачки станици од серијата „Воронеж“, кои се дел од системот за рано предупредување за ракетни напади (СПРН), ќе бидат модернизирани во следните неколку години. Ова за веб-порталот ТАСС беше кажано од информативната служба на меѓудржавната акционерска корпорација МАК „Вимпел“.
„Планираме да модернизираме три радарски станици во периодот 2025-2028 година, и тоа„ Ворнеж-М “во Ленинградската област, „Воронеж-ДМ“ во Армавир и „Воронеж-М“ во Иркутската област, велат од корпорацијата.
Оттаму исто така прецизираат дека, во согласност со планот за модернизација, на станиците првин ќе биде подобрена отпорноста на попречување, а исто така ќе биде унапреден и системот за нивно напојување.
Во моментов, модерниот руски СПРН се состои од два ешалона: вселенски, кој се состои од четири сателити „Тундра“ и копнен, кој се состои од три радарско-набљудувачки станици од типот „Воронеж“. Овие средства ги покриваат сите опасни ракетни коридори преку кои е можно да се изведе балистички удар врз Русија. Главната задача на системот е во минимален временски интервал да детектира лансирање и следење на балистичка ракета, која е насочена кон територијата на Русија или кон некој од нејзините сојузници.
Радарската станица „Воронеж“ е соодветна замена за застарентеи радарски станици за рано предупредување и известување, која беа изградени од поранешниот СССР. Оваа станица има далеку поголеми можности за откривање балистички цели од своите претходници, особено кога се зема предвид точноста, т.е. локацијата на озрачениот објект. Радарот функционира во сантиметарски начин на работа, кој обезбедува максимална количина на информации за зафатениот објект. Покрај овој режим на работа, претходните станици од овој тип работат во метарски и дециметарски опсег на електромагнетни бранови. Ваквите режими на емитувањеа на бранови со ултра-висока фреквенција им овозможуваат на овие станици да детектираат балистички, вселенски и аеродинамични објекти на големи растојанија.
Радарската станица се состои од примопредавател поврзан со дигитална антенска решетка преку која сигналите се обработуваат компјутерски, монтажен објект што го користи воено-техничкиот персонал кој ја опслужува оваа станица и неколку модули со електронска опрема. Самата конструкција на станицата е од модуларен карактер и таа овозможува брза замена и интеграција на дополнителна опрема (има голем потенцијал за модернизација). Исто така, за разлика од станиците од претходниот тип, чија изградба и пуштање во работа бараше период од 5 па дури и 10 години, ситуацијата со радарската станица „Воронеж“ е сосема поинаква. Благодарение на високиот степен на техничка поедноставеност, како и претходно споменатиот аспект на модуларност, комплетниот објект сега може да се изгради и стави во функција за само 12 месеци! Комплетната опрема се доставува до градилиштето во специјални контејнери кои се „спакувани“ во фабриката, и во таква состојба се вклопуваат во објектот.При монтажата на станицата се вклопуваат 23-30 технички елементи кои се поврзани во една целина. На пример, радарската станица „Дарјал“ поставена во Азербејџан има над 4000 технички елементи. Исто така, за да стартува „Воронеж“, потребно е преку него да се пушти струја со моќност од 0,7 МВт. На пример, радарот „Днепар“ бараше моќност од околу 2,0 МВт, а „Дарјал“ дури 50,0 МВт. Во исто време, вкупниот број луѓе што ја опслужуваат оваа станица не ја надминува бројката од 200 специјалисти.
Радарската станица „Воронеж“ нема само пасивна функција во рамките на ракетно-вселенската одбрана, која како главна задача го има откривањето на ненадеен нуклеарен удар врз територијата на Руската Федерација. Таа, исто така, има улога и во наведувањето на ракетните системи за пресретнување откриени објекти, а кои се наоѓаат во системот за рано предупредување за нуклеарен напад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче