Борбено возило БМП-3 гасне свеќи со прецизна стрелба (ВИДЕО)

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Со стрелба од топ со калибар 30 мм борбено возило на пешадијата БМП-3 изгасна запалени свеќи.

Во емисијата „Пријомка“ на телевизијата „Ѕвезда“ беа демонстрирани можностите на борбеното возило на пешадијата БМП-3. Конкретно, беше проверена прецизноста на системот за управување со огнот. Наместо обично гаѓање на поставени мети, овој пат пред нишанџиите беше поставена необична задача – со стрелба да изгасат пет свеќи на дистанца од 100 метри.

За да биде експериментот уште посложен, свеќите беа поставени во тегли од три литри. Пламенот требаше да се изгаси со ударниот бран на воздух во моментот кога прелетува проектилот. Се разбира, условот беше да не се скршат теглите.

За достигнување на целта беа потребни пет истрели, со тоа што првите два беа пробни, објаснува Николај Грехов, заменик-главен конструктор на фабриката „Курганмашзавод“. Зад теглите беше поставена мета која овозможи да се оцени густината на погодоците. Се покажа дека тој показател е извонреден и дека е сличен на снајперска пушка. Сите истрели беа нишански.

Во вториот дел на експериментот беше решено да се примени топ со калибар 100 мм, со тоа што задачата беше малку модифицирана. Сега беше дозволено да се уништат и теглите, но само со ударниот бран  воздух од проектилите. Со еден единствен истрел беа прецизно уништени сите мети.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња