Во Русија направен нов извидувачки дрон „Мерлин-ВР“

Алексеj Куденко/Sputnik
Во Русија се појави нов воен извидувачки дрон „Мерлин-ВР“, наменет за задачи за следење и надгледување.

Во Русија е направено ново воено извидувачко беспилотно летало „Мерлин-ВР“, кое е во состојба да функционира на висина до пет километри.

Дронот може непрекинато да врши воздушно надгледување во автоматски и полуавтоматски режим во текот на десет часа. Максималната маса на полезниот товар на „Мерлин“ изнесува до 6,5 килограми.

Апаратот може да носи разни варијанти на оптичко-локациски станици, кои функционираат како во видлив, така и во инфрацрвен спектар. Благодарејќи на примената на хибриден мотор и големите висини на летање, беспилотното летало е тешко за откривање.  

Како што за РИА „Новости“ објасни неименуван извор од воената индустрија, апаратот им е презентиран на претставниците на воениот ресор и сега се разгледува можноста за негово тестирање.

Новото беспилотно летало е проектирано во Научноистражувачкиот институт за современи телекомуникациски технологии во Смоленск. Претходно компанијата го претстави проектот за беспилотен комплекс „Флибустјер“ со дронови „Мерлин-21БМ“, кои треба да бидат опремени со оптички сензори или радари. Овие апарати беа значително помали со помало време и висина на летање, како и со поскромен полезен товар од „Мерлин-ВР“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња