ТОС-2 „Тосочка“
Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.netКако што соопштува информативната служба на „Ростех“, производот е наменет за заштита на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 и извидувачкото возило ПРП-5, како и за системот „Завет-Д“ за автоматизирано управување со артилерија.
Системот за заштита содржи сензори за предупредување за напад, апаратура за контрола и индикација, лансирни уреди и аеросолни полнења. Системот може да ја заштити техниката од високопрецизно оружје со ласерско, оптичко, термичко и радарско наведување.
Необично е што заштитата се прави само за повеќевецен ракетен лансер, извидувачко возило и автоматизирано управување со артилерија. Зар не треба да се заштити и оклопната техника? Се разбира, и таа ќе биде заштитена. Тука не станува збор за некоја фундаментално нова технологија, туку за обична чадна, или како што сега почесто се нарекува, аеросолна завеса, во која се формира аеросолен облак со помош на нов хемиски состав. Тенковите веќе имаат таков систем и тој се нарекува „Туча“ (рус. „густ, темен облак“).
„Во текот на непријателски напад овој систем ја дефинира опасноста и ја „крие“ техниката со завеса од комбинирани пречки. Благодарение на тоа, проектилот го губи контактот со целта, застранува од патеката или го продолжува летот „на слепо“, по инерција, без прецизно наведување кон целта. Тестирањето покажа дека системот за време на борба и во текот на марш ја штити техниката од ракети на противтенковски системи, како и од напади од воздух со помош на високопрецизни авионски проектили “, рече Бекхан Оздоев, производствен директор на кластерот за вооружување, муниција и специјални хемиски средства на „Ростех“.
Треба да се истакне дека Воената морнарица одамна применува слична заштита од високопрецизни ракетни оружја. Дури е и малку чудно што „Ростех“ дури сега ѝ обрнува внимание.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче