„Адмирал Нахимов“
Олег Ласточкин/SputnikКорољов објасни за каква имено поморска техника станува збор. „До крајот на годината планираме да им го предадеме на клиентот, по завршувањето на изградбата, нуклеарниот подморнички ракетен крстосувач според проектот 955А „Кнез Олег“ и нуклеарната подморница според проектот 885М „Новосибирск“, големата подморница според проектот 636.3 „Магадан“ и корветата според проектот 20380 „Ретиви“, изјави тој во интервју за ТАСС.
Според него, во наредните месеци се планира да се постави нова фрегата во бродоградилиштето „Севернаја верф“. А во Амурскиот бродоградежен завод - две корвети. Во Средненевскиот завод - брод за противминска одбрана, и во Невското бродоградилиште - среден танкер. Покрај тоа, по завршувањето на ремонтот, ќе бидат предадени нуклеарната подморница според проектот 671РТМК „Тамбов“, патролниот брод според проектот 11540 „Неустрашими“ и бродот за противминска одбрана според проектот 1265 „Герман Угрјумов“, пишува „Росијскаја газета“.
Корољов ги посочи и роковите за почеток на тестирањата на море на вториот сериски нуклеарен брод според проектот 955А „Генералисимус Суворов“. Според него, тоа ќе се случи во 2022 година. Затоа, претпријатието „Севмаш“, каде што се гради подводниот крстосувач, пред неговото спуштање во вода ќе го изврши максималниот можен обем на монтажни работи. А датумот за спуштање во вода на бродот ќе биде одреден до крајот на оваа година. „Формиран е трупот на бродот, во кој е натоварена целата потребна крупногабаритна опрема, се пружаат стотици километри кабли, се формираат енергетските синџири и мрежи на бродот, механизмите од општ карактер. Темпото на работа е доволно високо. Во Северодвинск сé се одвива според распоредот“, додаде Корољов.
Тој ги посочи и роковите за тестирања на море по ремонтот со модернизација на тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“. „Сепак, ќе сметаме дека сме според распоредот. И, како и обично, има нијанси. Мислам дека крстосувачот ќе оди на тестирања во 2023 година“, рече Корољов.
Тој не крие дека во текот на модернизацијата на крстосувачот ќе се решат многу прашања поврзани со неговата енергија и вооружување. И покрај тоа, текот на работите на „Нахимов“ потврдува дека во Северодвинск може да се градат не само нуклеарни подводни ракетоносци, туку и да се обнови техничката подготвеност на уникатните бродови, како што се тешките нуклеарни крстосувачи според проектот 1144 „Орлан“. Имено, токму „Адмирал Нахимов“ е еден од нив.
Бродот беше испратен на ремонт уште во 1999 година, а работите започнаа во 2013 година. Познато е дека како резултат на модернизацијата крстосувачот треба значително да ја зголеми својата ударна моќ. Нахимов ќе носи 10 универзални бродски комплекси со 8 крстосувачки ракети „Калибар-НК“ или „Оникс“. А во иднина ќе има и хиперсонични ракети „Циркон“.
Таков арсенал може да се постави и на фрегатите според проектот 22350М. Корољов соопшти дека почетокот на изградбата на главниот брод од таа серија е планиран за 2024 година. Сега се работи на техничкиот дизајн на фрегата - се планира да се заврши во 2023 година. „Свесни сме дека морнарицата има огромна потреба од модерна фрегата со голем депласман и вооружување. Министерството за одбрана во моментов активно работи на ова прашање“, истакна заменик-генералниот директор на Обединетата бродоградежна корпорација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче