Познато е дека тие речиси никогаш не биле испорачани во странство. Само мал број - 8 или 12 - беа испратени во 1980-тите години во армиите на Полска и Чехословачка. По распадот на Чехословачка, орудијата ѝ припаднаа на Чешка, каде што се во вооружувањето приближно до 1994 година, а потоа купени од одбранбениот ресор на Ангола, пишува „Росијскаја газета“.
I never knew that Angolan has 2S7 203mm SPH & 240mm MLRS. Are these sold to them by North Koreans? Wikipedia never mentions it. pic.twitter.com/xR4I1SYbCn
— Caesar (@Ninja998998) September 22, 2021
Постои мислење дека африканската војска сакала да има артилериски системи кои ќе бидат супериорни во дострел во однос на влечните 155-мм хаубици G5 и самоодните орудија на тркала G6 Rhino произведени во Јужна Африка, способни во тоа време да погодат цели со активно-реактивни проектили на дистанца до 39000 метри.
Информациите дека такво страшно оружје се користи во армијата на таа држава беа познати долго време, меѓутоа, досега немаше на интернет фотографии и видеа од нив. Исто така, нема веродостојна информација за нивно учество во воени конфликти во кои би биле вклучени вооружените сили на таа земја. Како и да е, судејќи според достапните податоци, таквата техника сé уште останува во служба и активно се користи во разни видови вежби.
2С7 е промен во вооружувањето кон средината на 1970-тите години. Топот со калибар 203 мм може да истрела гранати тешки 110 кг на растојание до 47500 метри. Моќноста на моторот е 780 КС, а максималната брзина на пат му е 50 км/ч, со еден резервоар може да помине 675 км. Борбената маса на 2С7 е 45000 кг, додека го опслужува екипаж од 7 војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче